SUBARU CROSSTREK-„КРОСТРЕК“ ЗА ЦЕЛ СВЕТ

30/09/2022

Почетокот од есенва донесе многу нови модели, а меѓу нив и „крострек“ во сопственост на Субару. Ова е трета генерација од спомнатиот модел и воедно ќе го замени моделот „икс в“. Всушност тоа е истиот модел со две имиња. Ова е чест случај во автомобилската индустрија еден модел да има две, а понекогаш и три имиња. Производителите имаат навика на различни пазари да продаваат еден ист модел под различно име. „Икс в“ на континентов, а дома и пошироко моделот е наречен „крострек“. Отсега натаму за цел свет моделот ќе го носи името „крострек“.

Субару се пофали со нова надворешност и нова внатрешност со нова инструмент табла и поголемо екран, 11,6 инчи а, пак, неговата најниска точка во однос на подлогата се наоѓа на висина од 220 мм. Третата генерација е долга 4.480 мм, широка 1.800 и 1.580 мм висока, додека растојанието меѓу оските изнесува 2.670 мм. Димензиите се тука некаде со тие од претходникот. Основниот модел има 1.540 кг. тежина која не е за фалење, но имајте го во предвид следново, „субару кросбек“ во себе има погон на сите тркала. Сепак, конструкторите добро си ја завршиле работата, но можеле и подобро.

И 2,0 литарската боксер погонска единица претрпела доработка, така што сега треба да биде потивка и да произведува помалку вибрации, но силината не е спомната. Како и досега, погонот е на сите тркала, а за преносот на силината до двете оски задолжен е автоматскиот „ц в т“ менувач.

Продажбата ќе започне наредната година напролет, најнапред на домашниот пазар, а потоа следат останатите пазари. За цената и деталите обратете се кај увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.