Euro NCAP – Строгите правила вродија со плод

01/04/2019

КОГА Е НАЈТЕШКО НАЈДОБРИТЕ СЕ ПОКАЖУВААТ ВО ПРАВО СВЕТЛО: ТЕРЕНСКИТЕ ВОЗИЛАТА НА HONDA, MERCEDES-BENZ И SEAT ГИ ДОБИЈА НАЈВИСОКИТЕ ОЦЕНКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.

 

Еuro NCAP ги објави оценките за безбедност за три големи теренски возила: HONDA CR-V, Mercedes Benz G-Class и Seat Tarraco. Сите три возила добија максимални пет ѕвезди по новите Euro NCAP 2019 построги правила.

Новиот SEAT Taracco ја дели платформата на Volkswagen MQB со Skoda Kodiaq, оценета со пет ѕвезди во 2017 година. Соочени со новите уште построги протоколи од 2019 година, оваа нова оценка од пет ѕвезди е уште поимпресивна и резултатот од 97 проценти во заштита на возрасни патници е меѓу најдобрите било кога во оваа категорија.

Претходната верзија на HONDA CR-V беше тестирана со својот дизел модел во 2013 година. Оваа последна верзија беше тестирана во својата бензинска варијанта , за која се смета да биде и најпродавана. Возилото перформираше добро во сите зони на безбедност и оствари високи безбедносни резултати. Робусната G-класа на Mercedes Benz, исто така, ги доби своите пет ѕвезди со импресивни резултати во секоја од четирите зони на испитување. Михаел ван Ратинген, Генералниот Секретар на Euro NCAP, изјави, – Тука имаме три нови возила кои се натпреваруваат во ист сегмент и добиваат врвни оценки за безбедност. Тоа е доволно импресивно, но фактот дека трите теренски возила се опремени со AEB систем за заштита на пешаци и на велосипедисти навистина ја демонстрира моќта на овие тестирања кои не само што охрабруваат подобри перформанси, туку исто така, промовираат нови технологии како стандардна опрема низ Европа.

 

Мирко Гигов

ПОВРЗАНИ СТАТИИ