STELLANTIS&FOXCONN-ДОГОВОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНИ И ДИГИТАЛНИ ТАБЛИ

04/06/2021

Дигитализацијата и останатите електронски ситници ја принудија автомобилската индустрија да се откаже од класичните инструменти и да се префрли на тие со екранчиња осетливи на допир преку кои може да се следи работењето на автомобилот и на се останато во него. Велија, Џагер, Магнет Марели, сè се тоа имиња на фирми што произведуваа прецизни мерни инструменти кои со децении беа поставувани во моторните возила. Сега се други времиња и таблите со инструменти и останатите „пали гаси сијалички“ влегоа во автомобилите како што претходно го сторија истото во пловилата, леталата и во многу други превозни средства, но не само во превозните туку и во сите останати уреди. Екраните осетливи на допир се наоѓаат дури и во уредите каде не се потребни, но за подобар и посовремен изглед, производителите ги вградуваат, а потоа производите ги рекламираат како којзнае што да е вградено внатре во нив.

Компанија Стеланстис, инаку неодамна формирана од страна на корпорациите Фиат Крајслер Автомбили и ПСА, склучи договор со тајванската компанија Фокскон за производство и користење на електронски и дигитални табли кои ќе се вградуваат во автомобилите од двете корпорации. Ем да се внесе дигитализацијата на голема врата, ем да се постигне добра цена со тоа што една иста електронска направа ќе ја користат сите автомобили од групацијата Стелантис. Засега одговорните од Стелантис не соопштија која марка прва ќе ги користи новите електронско дигитални уреди. Сличен договор со Фокскон потпиша и кинескиот автомобилски гигант Гили, а Епл веќе со години наназад соработува со оваа компанија.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.