SMART SUV-ПРИСТИГНА ПРВИОТ „СУВ“

24/06/2021

Палетата од модели во семејството Смарт од време на време се зголемува. Тоа е добро како за производителот така и за потенцијалните купувачи. Најновото од Смарт кое допрва треба да се појави на крајот од летото е модел кој користи основа од кинескиот автомобилски гигант Гили, односно неговата платформа „сеа“. Се здружуваат гигантите да си помогнат еден со друг за производот да им биде што поевтин при производството, а профитот што поголем. Денешното време ќе биде запаметено во автомобилската индустрија како ера на „сув“ возилата. И сега погодувате, Смарт ги врши последните подготовки пред големото првично претставување на новиот модел чија каросерија е во сув изведба. Токму така, возилото ќе користи само електричен погон, но засега речиси ништо не е обелоденето, сем неколкуте цртежи и фотографии со детали од возилото. Не се спомнуваат ниту димензиите, ниту брзинските способности, а уште помалку се спомнуваат податоците за силината на електричниот погон и капацитетот на батериите. Велат се ќе биде познато некаде пред претставувањето на возилото во септември.

Според сегашните најави сув моделот на Смарт ќе има во себе најнова технологија и препознатлива линија за која одговорност сноси Мерцедес. Не се сомневаме, сето тоа ќе биде убаво спакувано, но уште сега се прашуваме колкава ќе биде цената за тоа пакување? Можеби како ќе одминува времето, така производителот ќе објавува по некоја особина од сув возилото. Треба да спомнеме дека „сув“ возилото ќе биде некој вид продолжение на моделот „форфор“ (за четворица) и секако во поинакво издание.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.