SMART#5-НАЈГОЛЕМ ДОСЕГА

30/08/2024

Зарем автомобилите од марката Смарт не беа првично рекламирани како решение за градскиот метеж? Да така беше и затоа автомобилите смарт беа мали. Потоа, од „смарт за двајца“ дo „смарт за четворица“…Имаше најава дека Смарт сака да произведе и „сув“ возило за кое пишувавме пред повеќе од половина година. И навистина е така, еве го Смарт во сув изведба со име „смарт број 5“ и тоа со светска премиера. Електрично возило за кое засега нема информации какви мотори (електромотори) ќе користи е долго само 4.705, со ширина 1.920 и висина 1.705 мм.

 

Познато е дека батеријата е 100 kW и се полни брзо од 10 до 80 отсто за само 15 минути благодарение на 800 волтна технологија. Новиот модел од Смарт може да измине 740 км растојание што не е за потценување. Велат возилото ќе биде и за надвор од асфалтот. Штом е така тоа значи ќе има и погон на сите тркала, но дали сите изведби или ќе има и со погон на една оска (две тркала)?

Погонот на сите тркала не е познато чиј е, но најверојатно ќе биде снабден со уред преку кој ќе може да притиснеме копче и погонот да се приспособи автоматски според условите на патот. А може и самите да одберете подготвување на подвозјето, ако паѓа снег, го бирате тоа копче или возите низ песокливи предели, бирате копче за возење по песок, ако е кал бирате копче „кал“ или, пак, влажен коловоз итн.

Систем за амбиентално осветлување е со 256 бои, а за тие што обожуваат добра музика, „Сенхајзер“ обезбедил дури 21 звучник. Во внатрешноста на автомобилот доминира дигитална инструмент табла од 10,3 инчи, како и два екрани од 13 инчи. Централниот работи како систем за инфозабава и има аватар по име Leo, како и „најсовремен гласовен асистент за генерирачка вештачка интелигенција“ кој може да користи различни извори за да обезбеди прецизни одговори на речиси секое прашање.

Продажбата очекувајте за некој месец или некаде при крајот од годинава.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.