SMART #5 BRABUS-СМАРТ И БРАБУС ПОВТОРНО ЗАЕДНО

14/04/2025

Идејата на „Смартовците“ беше да направат мало подвижно градско возило накитно со малку луксуз. Мерцедес – Бенц и производителот на часовници Смарт ја имаа таа идеја и ја остварија. Денес автомобилите од марката Смарт не се тоа што беа некогаш, затоа што имаат „сув“ возило со должина од над 4,7 метри, а пред тоа си направија и „смарт за четворица“ (должина над 4,0 метри). Сега моделите од оваа марка се произведуваат во Кина, а како сопственик на марката е запишан кинескиот автомобилски гигант Гили.

Сув моделот што го спомнавме, носи име „#5“, ништо спектакуларно зарем не. Арно ама производителот му залепил придавка „брабус“ – е ова е спектакуларното. Брабус е светски позната фризерница за автомобили и редовно си ги „чепка“ Мерцедесите, а беше редовен и кај Смарт. Таа соработка остана и еве сега производителот нуди изведба „#5 брабус“ на електричен погон. За таа цел вграден е двоен електромотор кој ги движи и предната и задната оска (погон на сите тркала) давајќи им силина од преголеми 650 КС. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,8 сек и постигнува крајна брзина од 210 км/ч. Со едно полнење на батеријата изминува 540 км, а за дополнување од 10 до 80 отсто се обавува за 18 мин. (на 400 kW полнач).

Штом е од семејството Брабус, внатре сè е посветено на строгите правила за спортски автомобили. Подвозје супер спортско со гасни амортизери, ниска поставеност, седишта од јаглеродни влакна прекриени со алкантари и со што уште не, но и луксуз како на пример аудио системот со силина од 2.000 вати. Ја претерале – 2.000 вати дома да ги ставиш е лудост, а не, пак, во автомобил. Овој „излет“ на „смарт#5“ со придавка „брабус“, ќе ве чини малку над 60.000 евра.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.