SEAT E SCOOTER-ВОЗИЛА ЗА ЏУНГЛАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

01/12/2019

Што му стана на СЕАТ со електричниве мали возила наменети исклучиво за градските средини? Засега единствениот шпански производител на автомобили турка некој свој план во врска со поголема подвижност во сообраќајниот метеж. Ваквата стратегија на СЕАТ најнапред резултираше со „и икс с кикскутер“ прикажан во 2018 на Смарт Сити Експо, потоа на ред доаѓа „минимо“, концепт автомобил кој обединува подвижност на мотоциклите и удобноста од автомобилите.

Сега најавува производство на електрично моторче наречено „е скутер“ за кое производителот не кажува ништо подетално, а ниту цели фотографии не објавува. Едиствено една и тоа само дел од седиштето и тоа е сè. Покрај електричниот најавуваат и негов близнак, но со погон од тие со внатрешно согорување чија работна зафатнина ќе изнесува 125 кубни сантиметри. Очигледно СЕАТ подготвува возила за градските средини и приметливо е неговото настојување да биде прв меѓу производителите на автомобили кои ќе располагат со флота од мали превозни средства, пред сè електрични.

Според главниот на СЕАТ, Лука де Мео (некогашниот Фиатовец), сè побрзиот развој на градските средини го доведува во прашање брзото и безбедно патување од едно на друго место. Затоа се потребни малите превозни средства, а токму такво ќе лансираме, електричен скутер, прв од ваков тип во семејството СЕАТ.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.