SANGYONG X200-ОШТРИ ЛИНИИ И АГРЕСИВЕН ДИЗАЈН

07/08/2021

 

Велат Санг Јонг забрзано подготвува нов „сув“. Според цртежите кои само што ги објави производителот, возилото повеќе личи на класично теренско отколку на тие нашминканите кои имаат сè, но не и способност да одат каде што оди запрежна кола или трактор. Но да не избрзуваме, ќе почекаме да видиме што ни подготвува Санг Јонг. Но според обликот, ќе сакаат да лансираат нешто „сурово“ за совладување на непрегледни терени. Е сега има уште една вистина, а таа е следнава, денес сите возила кои барем малку личат на теренските ги нарекуваат „сув“, но и теренските влегоа во таа „сув“ класа. Сепак, како и да е, Санг Јонг некаде на средина од есента планира премиерно претставување на возилото кое засега е познато под името „икс 200“.

Возилото на цртежите е продолжение на моделот кој Санг Јонг го произведуваше по лиценца во ‘60 години од минатиот век. Тоа беше „џип цј 5“ кој подоцна ќе стане првата генерација „корандо“ во раните ’80.

Оштри линии, коцкаст дизајн и малку повеќе агресивност, тоа засега го нудат цртежите. Ако Санг Јонг успее обликот од цртежите да го внесе во сериско производство, тогаш ќе биде сопственик на најубавото теренско возило кое со малку досетливост може да стане светски продажен хит.

 

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.