ROLLS-ROYCE WRAITH BLACK ARROW-ПОСЛЕДНАТА V12 ВО 12 ПРИМЕРОЦИ

14/04/2023

Производителите на автомобили еден по еден се откажуваат (не сите) од ото и дизел моторите и навестуваат забрзано вложување во електричните погони. И Ролс Ројс е ден од тие производители, поклоник на задвижувањето со електромотори. Неговиот план е од 2030 год. натаму да произведува исклучиво електромобили, а моторите со внатрешно согорување да одат во музеј.

Одбележувајќи го заминувањето на неговата вечна класика, моторот со 12 цилиндри во V, одговорните одлучија од моделот „рајт“ да направат посебна серија од само 12 примероци. Моделот „рајт“ беше вратен во семејството во 2013 год. но со современ дизајн и со детали кои посебно би ги привлекле младите поклоници на оваа марка.

Според извештаите од производителот моделот „рајт купе“ постигнал изненадувачки добра продажба. Токму од ова купе во посебна серија ќе бидат произведени спомнатите 12 примероци познати под името „блек ероу“, односно „ролс ројс рајт блек ероу“. Оваа марка автомобили отсекогаш користела најмоќни мотори, но не со намера да соборува брзински рекорди, или, пак, да учествува на трки, туку да го истакне луксузот, раскошот, богатството и паричната моќ. Тоа значи дека 6,6 литарскиот V12 мотор со 624 КС е само за покажување елитизам и тој не е предмет на внимание, туку уреденоста на купето не само со егзотични материјали, туку истите се одбрани од најдобрите, проверувани повеќе пати и доработувани сѐ додека не го покажат сиот свој сјај и врвен квалитет. На овие нешта најмногу се внимава во Ролс Ројс, а не на спортско тркачките особини на моторот. Името „блек ероу“ (црна стрела) навестува дека одделот за патниците ќе биде обложен со темно (црно сива нијанса) дрво во комбинација со кожа која со својата боја ќе дава контраст во однос на темното дрво.

Цената на овие 12 примероци не се спомнува, но може да се насети или одоколу да се пресмета ако се има во предвид цената на обичното, „ненакитеното рајт“ купе – неговата цена е 350.000 долари, а за овие посебните 12 можно е да биде два пати по толку. За крај да го спомнеме наследникот на купето „рајт“, тоа е „спектар ев“ електрично купе кое беше претставено лани во последните денови од есента.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.