И Ролс Ројс влезе во ерата на електрификацијата. Велат до крајот на 2030 год. сите модели во
семејството ќе бидат електрични, односно тие со ото мотор ќе бидат пренесени во „архива“
(музеј) и никогаш повеќе нема да се произведуваат. И што правиме сега? Ќе мора да возиме електрични „ролс ројсеви“, а таман се навикнавме на овие со клипни мотори.
Да се објаснува и раскажува за дополнителната опрема на автомобилите од марката. Ролс Ројс е повеќе од лудост.
Има сешто можете и што не можете да замислите, а ако нешто нема, тогаш тамошните ќе го набават и вградат тоа што го нема.
Моделот „спектар“ има 585 КС доволни за 4,5 сек. од 0 до 100 км/ч. За автомобил што тежи три тони, бројките се одлични и со едно полнење на
батеријата класиката од купе изминува 520 км.
Обликот на најновото купе на „РР“ е позајмен од луксузните јахти. Линиите тоа многу добро го покажуваат, посебно тие страничните, но и предниот
дел кој се разликува од секој досегашен модел од Ролс Ројс. Забележителен е обликот на маската, сега таа е пониска и многу поширока.
2023 е год. кога ќе започне продажбата, поточно во вториот квартал од годината.
Жарко Атанасоски