RENAULT TWINGO-РЕНО „СЕ ВРАЌА ВО ИДНИНАТА“

24/11/2023

Моделот „твинго“ за првпат се појави во 1992 год. и со својот дизајн предизвика завист кај останатите затоа што 3,43 метри долгиот автомобил не наликуваше на ниту еден друг (или можеби има некоја слична жичка со „даеву матиз“!?). Како годините минуваа така „твингото“ стануваше се подолго и подолго. Втората генерација се појави во 2007 и тогаш го направи најголемиот „скок во далечина“ со вкупно 3,6 м, а следната генерација (2014 год.) „порасна“ за само 20 мм.

Една деценија подоцна Рено ја најави новата генерација, четврта (за 2026 год.). Деновиве ги обелодени и првите скици и веднаш се забележува намерата на дизајнерите да направат нешто како „враќање во иднината“. Дизајнот од првото „твинго“ е позајмен да биде основа за новата генерација. До каде ќе стаса Рено со својот план, времето ќе покаже. За наредната година најави појавување на моделите „4“ и „5“ и тоа не било какви туку со дизајните од типот „враќање во иднината“. Добар потег прави Рено, ги вклучува и тие носталгичните кои сигурно ќе бидат потенцијални купувачи.

 

Очекуваме автомобилот да биде долг околу 3,75 м со чисто електричен погон, што значи нема да биде хибриден(!?) и најава на цена под 20.000 евра(!?).

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ