ПОРТУГАЛИЈА СЕ НАОЃА ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА ЕВРОПА, НА БРЕГОТ НА АТЛАНТИКОТ. АКО ТРЕБА НАКРАТКО ДА ЈА ОПИШЕМЕ, НАЈЛЕСНО Е ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЗЕМЈА НА ВИНО, ФАДО, ФУДБАЛ, МАТАДОР И ОДЛИЧНА МЕДИТЕРАНСКА КУЈНА. ТОКМУ ЗАТОА ПОРТУГАЛИЈА Е ЕДНА ОД НАЈПОСЕТУВАНИТЕ ЕВРОПСКИ ДЕСТИНАЦИИ. НО, СЕ РАЗБИРА, ОВА Е САМО ДЕЛ ОД ОНА ШТО ОВАА УБАВА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА ГО ПОНУДИ.
Нашето патување во Португалија ќе го почнеме во главниот град Лисабон. Секој што не го видел Лисабон, не ја видел убавината – така барем велат Португалците. Еден од најстарите градови во светот е дом на голем број готски катедрали, музеи, антички манастири и прекрасни улици. Особено внимание привлекува стариот град што опстанал по земјотресот во 18 век. Вливот на реката Tejo, пак, е место од каде што пулсира градот и тука се формира езерото Mar da Palha, едно од најубавите природни пристаништа во светот.
Историјата вели дека крај овие води први се доселиле Феничаните и пристаништето го нарекле Алис Рубо или „мирно пристаниште“, а името подоцна било сменето во Лисбоа и Лисабон. Кога на крајот на 15 век Васко де Гама го открил патот до Индија, а Педро Алверз Кабрал ја основал колонијата Бразил, португалскиот главен град станал една од најбогатите европски метрополи. Видлив споменик од златната доба е кулата Torre de Belem на реката Тахо во областа Санта Марија де Белем. При прошетката низ Лисабон императив е да ги посетите Алфама, најстар и најсликовит дел од градот, лавиринт на стари улици и куќи со ориентален дух, урнатините на Castela de Sao Jorge и манастирот Jerónimos, прекрасен пример за мануелската архитектура, комбинација од готски, мавритански и индиски архитектонски елементи. Манастирот е една од ретките големи згради во Лисабон што ги „преживеале“ трагедиите, како што се големи земјотреси, пожари и бранови што уништиле голем дел од градот.
За својот денешен изглед Лисабон треба дa ѝсе заблагодари на модерната визија на Marquesa de Pompae, кој бил одговорен за негова реставрација. Помпала е на местото на една од кралските палати на брегот на реката Teja каде што е изграден плоштадот Praca do Comercio, еден од најсјајните бисери на Лисабон. Денес плоштадот Rossio во Лисабон води до величествената улица Avenida da Liberdade. Вљубениците во уметноста може да уживаат во четириесетина прекрасни музеи, вклучително и познатиот Museu Nacional de Arte Antiga, Националниот музеј Азулеја , Museu Calouste Gulbenkian, со различни збирки на античка и современа уметност, Националниот музеј на кочии, со најголемата збирка на кралски кочии во светот и Museu do Oriente…
Ноќниот живот му дава посебен белег на Лисабон. Звуците на фадо, традиционална португалска музика, одекнуваат низ целиот град, особено во главната област Bairro Alto (горниот град), чии жители живеат за оваа музика (локалното население задолжително ќе ви го препорача стариот ресторан Mascote de Atalaia). Фадо доаѓа од ритамот на африканските робови и традиционалната музика на португалски морнари со арапско влијание. Постојат две варијации на фадо од Лисабон и од Коимбра. Лисабонското фадо била популарна музика, обично го изведувале жените, а фадо Коимбра имало повеќе литературен карактер и најчесто го изведувале мажите. Денес и двата правца се прифатени како национална музика.
Вистинско доживување претставува прошетката низ Монсант, најголемиот парк во Европа, Oceanarium – еден од најголемите аквариуми во светот, мостот Васко де Гама, по кој се преминува реката Tejo, потоа барокната црква Igreja Sao Vicente de Fora, замокот Palacio dos Marqueses de Fronteira, импресивните споменици на плоштадот Слобода, старата кафеана Cafe Martinho da Arcadia.
За помалку од еден час возење може да се најдете на една од најубавите светски плажи. Тука е и градот Синтра, полн со импресивни мавритански палати и тврдини, кој изникнал под тврдините. Опишан е како „место што засекогаш е обвиткано во вечна магла“. Се верува дека карпите на Синтра биле првото нешто што го видел Кристофер Колумбо кога се враќал по откривањето на Америка. Најзначајни објекти во Синтра се мавританскиот замок, кој се наоѓа над градот, како и националниот дворец што се наоѓа во самиот центар, голем број згради од 19 век, како што Палатата на Пена…
Во близина на Синтра е и Cabo da Roca, најзападната точка на континентот Европа, кој плени со високите карпести гребени. Областа Алгарве оправдано се смета за туристички епицентар. Се протега на околу 150 километри и се карактеризира со живописни заливи, песочни плажи над кои се издигнуваат масивни карпи и осамени пештери што ќе ви го одземат здивот. Областа има умерена клима со околу 3.000 сончеви часа годишно. Во малите рибарски села се крие необичната мавританска архитектура и таа нема да ве остави рамнодушни.
Најубави и најпосетени плажи се: Meia Praia i Praia Dona Ana, Praia do Amado, Praia dos Tres Irmaos, Praia da Marinha, Praia do Vau, Praia da Falesia.
ДОЈДОВМЕ ДО ГРАДОТ НА ВИНОТО
Доаѓаме до градот на виното, триколорот и фудбалот – Порто. Вториот по големина португалски град се наоѓа на бреговите на реката Дуро, 5 километри пред вливот во морето. Од најстари цркви до најубави градби, таму е застапен речиси секој архитектонски стил. Порто е впечатлив по своите високи мостови, меѓу кои се истакнува Dom Louis I, издигнат 50 метри над реката, кој го поврзува стариот град со дел од Vila Nova de Gaia, населба во јужното предградие каде што се наоѓаат складовите со Порто. Многумина велат дека во деновите без ветер над Dour се шири слатка миризба која је опива во целост. Посетата може да ја почнете во срцето на градот Avenida dos Aliados, широка улица опкружена со импресивни неокласични згради, а ви препорачуваме да ја погледнете и главната станица Estacao Sao Bento украсена со 20.000 насликани керамички плочки.
Никогаш не смееме да заборавиме на дел од градот, Ribeiro што е под заштита на УНЕСКО, каде што може да пробате некои од двесте различни видови порто. Архитектурата во центарот е фасцинантна, во препознатлив португалски стил, а туристите може да уживаат во живописните населби со тесни улички. Порто е модерен европски град, што го прави идеална дестинација каде што се спојуваат културни содржини и забава.
Зошто градот го нарекуваат и „трипас“? Одговорот ќе го добиете кога ќе го пробате нивниот специјалите tripas a moda do Porto, а ако сакате риба, не пропуштајте да ги пробате и Franćesinu (буквално преведено како „мала француска дама“). Па, ако не поради храната, задолжително мора да одите во Порто заради пијалакот – истоименото порто (Vinho do Porto), десертно вино во кое може да се ужива не само со десерт, кое се произведува во голем број винарски визби што се наоѓаат на јужната страна од реката Douro (формално, тоа повеќе не е Porto туку Villa Nova de Gaia). Меѓу туристите многу се популарни дегустациските тури во еден од овие подруми, па ви ги препорачуваме Burmester, Calem i Ferreiru.
Постојат многу начини да се почувствува пулсот на овој прекрасен град на брегот на Атлантскиот Океан. Многумина велат дека ќе се заљубите во Порто штом ќе го видите. Посетете ги Градското собрание, плоштадот Praça da Batalha, катедралата Se do Porto Se, историскиот плоштад Praca da Ribeira, прошетајте по реката Duoro, квартот Vila Nova de Gaia, барокната црква Sao Pedro do Clérigos, Националниот музеј Soaresa dos Reisa, Музејот на современа уметност…
На половина пат меѓу Лисабон и Порта се наоѓа Коимбра, некогаш главен град на Португалија, а денес универзитетски град на реката Мондего. Тоа е средновековен град полн со цркви и лавиринти од тесни улички што ќе ве однесат во минатото – оправдано го нарекуваат најромантична дестинација во Португалија. Најпознат е по стариот универзитет основан во 13 век, Наци- оналниот музеј Machado de Castro и импресивната порта Porta Ferrea (Iron Gate).
Ќе ве воодушеви и градот Евора, лоциран на врвот на едно брдо, опкружен со ѕидови, преполн со осветлени плоштади, ренесансни фонтани, мавритански дворови и готски градби. Интересен е фактот дека УНЕСКО мораше да создаде посебна категорија за него наречена „културен крај“, земајќи ги предвид неговите историски знаменитости и природни убавини. Секако ви препорачуваме да го видите и островот Мадеира. Самостојниот португалски регион во Атлантскиот Океан има само два населени острова – Мадеира и Порто Санто, два природни резервати на островите Десертас и Селвагенс. Островот има вулканско потекло, а поради положбата и изложеноста на ветрови, островите имаат поинаква микроклима, која во комбинација со егзотичната вегетација претставува интересна дестинација за туристите. На Мадеира може да пробате тради- ционални слатки, а највообичаен е Мel de cana, т.е. мед од шеќерна трска или меласа. Традиционален колач на островот е Bolo de mel, односно меден колач (од шеќерна трска), кој по обичај никогаш не се сече со нож, туку се крши со рака. Исто така, островот е познат и по традиционалното десертно вино Мadeira.
Во јужниот дел на земјата доминира регионот Алентеџо, со големи отворени пространства и со голем број селски имоти, маслинови насади и лозја. Помалку медитерански изглед и темпeрамент ќе најдете во северниот дел на земјата. Зелените ридови покриени со лозја се прекрасен поглед додека патувате со воз на една од најпознатите европски железници (Португалија има повеќе од 4.000 км железнички пруги). Ова е само дел од она што може да ви понуди оваа мистична земја. Секое гратче или селце во Португалија открива некое ново изненадување и каде и да се упатите ќе бидете воодушеви од тоа што ќе го видите.