RENAULT KIGER-ДА СЕ „ПОКОРИ“ ИНДИЈА СО КОНЦЕПТ

29/11/2020

Сега имаме нов кросовер од Рено, но во мини издание и сè уште е концепт, но наскоро ќе биде сериско возило затоа што неговиот дизајн е драстично поблиску до сериски автомобил отколку некој концепт со многу напреден дизајн. Концептот за првпат беше претставен во Индија и според изјавите на производителот компактниот сув засега ќе се продава исклучиво таму. Според должината која е некаде под четири метри и според изгледот кој многу потсетува на европските видувања за дизајнот, концептот „рено кигер“ може да биде пренесен како сериски на континтов, но и надвор од него. Можеби ќе се појави под друго име, како на пример Дачија.


Спомнавме дека возилото е од тие за забава (сув) така што првенствено е намeнето за младата популација во урбаните срeдини. Но, има и нешто не толку својствено, а тоа е неговата најниска точка мерено од подлогата, растојанието изнесува изненадувачки големи 210 мм, несвојствено за овој вид возила. Дали тоа значи дека концептот „рено кигер“ е наменет и за излети надвор од асфалтот? Сè е можно, а уште поинтересно ќе звучи ако возилото добие погон на сите тркала. И пред да минеме на погонските единици, да ја спомнеме модуларна платформа „цмф а+“ на која се „потпира“ концептот „кигер“.


„Рено кигер“ ќе биде задвижуван од два трицилиндрични мотори со работна зафатнина од 1,0 литри. Едниот е атмосферски со 72 КС со погон на предната оска и пет степен обичен менувач, а како опција ќе се нуди автоматизирана но обична менувачка кутија. Покрај атмосферскиот ќе се вградува и турбо мотор со исто толкава зафатнина, само што овој има 95 КС. Не е објавена цената, а уште помалку кога концептот ќе мине во сериско производство. Ако серискиот модел се огледа на концептот, тогаш Рено ќе го „растури“ од продавање посочениот модел.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.