Разговор со Борче Мирчевски – НЕКОГАШНА ФРАНЦУСКА УБАВИЦА СО НОВ СЈАЈ

12/09/2019

БОРЧЕ ЈА ПОСЕДУВА БЕЛАТА УБА- ВИЦА „ПЕЖО 203“ ОД 1951 ГОДИНА ШТО НЕОДАМНА ЦЕЛОСНО ЈА РЕСТАВРИРА И ВЕЌЕ ЈА ВОЗИ ПО ВЕЛЕШКИТЕ УЛИЦИ, КАКО И ДО ДРУГИ ГРАДОВИ.

 

Се случува старите возила да бидат оставени во некој двор или гаража, најчесто ‘рѓосани и неупотребливи. Велешане- цот Борче Мирчевски, колекци- онер, реставрираше и целосно обнови едно такво возило и го доведе до воз- на состојба. Во текот на тригодишната секојдневна напорна работа реставри- рал дел по дел, но на крајот успеал и на крнтијата, некогашната француска убавица од 1951 година, повторно ѝ го вратил сјајот.

Една вечер меѓу многубројните модер- ни автомобили пред мене се појави убавица на четири тркала, разубавена и светната со бела боја, како сега да е излезена од фабрика. На средината на предниот дел имаше маскота лиен лав. Моделот беше „пежо 203“ од 1951 година. Одеднаш некој ме поздрави, тоа беше мојот пријател Борче Мир- чевски, колекционер на стари возила – олдтајмери, за кого веќе пишував во „АМСМ Клуб Мобилити“.

Еден ден го посетив Борче Мирчевски во неговата семејна куќа во Велес, каде што беа сопругата Кристина и синовите Александар и Андреј. На оваа средба Борче ни ја раскажа приказната за ста- ро-новата убавица со која последниве два-три месеци го привлекува внимани- ето во градот и подалеку.

КАДЕ ГО НАЈДЕ ОВА „ПЕЖО 203“ И КАКО ГО РЕСТАВРИРА

– Автомобилот го купив во Куманово и не беше во добра состојба, но секој ден работев напорно, честопати откажував и работа само за да можам да работам на него. Цело „пежо“ го реставрирав сам, без ничија помош, само мојот пријател Микарот го шприцаше бидејќи немам комора, но јас ги направив сите под- готовки за тоа, со гордост раскажува Борче.

Вели дека деловите ги нарачувал од Франција, дека за нив царината била многу висока. Борче вели дека има сознанија оти вак- ви возила има во Бугарија и во Грција, но не се во возна состојба, единствено неговото е регистрирано и веќе го вози низ велешките улици и по патиштата низ земјава.

– По реставрацијата, секој ден напорна работа со часови во изминатите три го- дини, конечно по пробното возење, пред два месеца го регистрирав и оттогаш го возам. Првото возење со семејството ни беше до Лесновскиот манастир и не- мавме никакви проблеми. Јас го чувам и многу внимавам на него, особено да не го врне зашто тоа е стара машина, појаснува Борче.

Секогаш кога ќе се појави на велешките улици и каде и да отиде подалеку од градот привлекува големо внимание. Поради големиот интерес кај младите го најмува возилото за венчавки и за други свечености, а очекува да има ин- терес и за снимање филмови и спотови.

Инаку „пежо 203“ е автомобил што францускиот производител на автомо- били Пежо го произведувал во фабрика- та во Сошоу на границата со Швајцарија од 1948 до 1960 година.

„Пежо 203“ е прв модел на Пежо со заоблен соборен заден дел, наречен топо содие, а многу потсетува на аме- риканскиот „шеврлет флитлајн“. Овој модерен дизајн ја освоил и европската публика.

Маскотата на Пежо, лиен лав, била от- странета во 1959 година од безбед- носни причини и потоа била поставена плочка со логото на Пежо.

„ФОРД КАПРИ“ Е ЉУБОВ ОД ДЕТСТВОТО 

Верувале или не, Борче има седум „капри“ и сите подеднакво ги сака, иако вели најмногу белото „форд капри“ од 1969 година што го купил во Радовиш. Тоа му е најомилено бидејќи такво имал и татко му, но морал да го продаде, и тоа на соседите, а тој тагувал по него и барал да им го вратат. Од седум возила „форд капри“ три се во возна состојба, а четирите планира поскоро да ги реставрира и да им го врати некогашниот сјај за да може да се возат.

За белиот „форд капри“ вели дека му е доволно само да го гледа бидејќи го враќа во детството, кога татко му го купил и му ја всадил љубовта кон овие возила.

Појаснува дека неговото е реставрирано, но му недостига уште нешто и планира наскоро да го регистрира и да го стави во функција.

– Уживам во ова „форд капри“, бело како нашето, доволно ми е само да го гледам. Омилено ми е и портокаловото „форд капри“ што има интересна приказна. Го купив од Јанко Нака од Крушево. Тој отишол да купи автомобил на Саемот во Белград, каде што биле изложени жолто и портокалово „форд капри“. Некој веќе го купил жолтото, така што му останало портокаловото. Го купил и се вратил во Крушево. Јанко работел во Златара Крушево и го возел директорот со службен автомобил. Тој цело време му викал на Јанко да стават гориво во неговото „форд капри“ и да одат за Германија и во Париз. Автомобилите од тогашниот возен парк, „застава 101, „фиќо“, „фиат“, не можеле да го стигнат неговото „форд капри“ бидејќи било многу брзо. Јас го купив во 2010 година и со семејство отидовме на одмор во Хрватска и направивме турнеја низ поранешна Југославија, вели гордо Борче.

Борче има и две возила „фиат 1500“, попознато како „тристач“, бело и жолто, кое е регистрирано. Вели дека тоа му е возило за уживање со семејството и со него возел низ поранешна Југославија и Албанија.

Тој има и две возила „фиат 1100“ од 1954 и од 1959 година, едното има запечен мотор и го користи за делови за второто што е во возна состојба.

Својата љубов за старите олдтајмери и за новите автомобили им ја пренел и ја наследиле синовите Александар и Андреј. Двајцата со посебен сјај во очите раскажуваат дека многу ги сакаат автомобилите на татко им.

ЖЕЛБИ И ПЛАНОВИ…

Борче вели дека желба му е да ги реставрира четирите „форд капри“ и еден ден, ако има финансиски можности, да ги смести на едно место бидејќи сега ги чува кај дедо му во Башино Село и кај соседите.

Пред шест години Борче и неговите пријатели љубители на олдтајмери го формираа Олдтајмер клубот „King off the street“ („Кралеви на улиците“). Клубот има десетина членови што ги зближува љубовта кон старите убавици на четири тркала на кои со макотрпна работа им го враќаат некогашниот сјај. Појаснува дека разменуваат делови за автомобилите, искуства и информации за тоа каде и како може да се најде некој дел или стар ’рѓосан олдтајмер бидејќи повеќето завршуваат на отпадите за старо железо.

До 2016 година Клубот и Општина Велес беа организатори и на изложба на олдтајмери во рамките на Велешката питијада, но последниве две години таа не се одржува. Борче повторно очекува поддршка од Општина Велес и враќање на изложбата на олдтајмери на Велешката питијада 2019.

Од АМСМ Клуб Мобилити му посакуваме на Борче Мирчевски уште многу олдтајмер изложби, да ги реставрира сите „форд капри“ и повторно да го видиме со некоја реставрирана олдтајмер убавица. •

 

Антоанела Димитриевска

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.