RAVEN GT-ЗАСЕГА САМО ВО КОМПЈУТЕР

15/05/2022

Новосоздадената компанија Рејвен ја запали светската јавност со својот прв автомобил, моделот „гт“. И сега ќе кажете ништо чудно, компанијата си го претставила првиот автомобил. Несомнено тоа е така сè додека не прочитате дека автомобилот не е присутен во стварноста туку само во дигиталниот свет, односно во компјутерот на лицето што го нацртало во тридимензионална техника. Денес многу зачестија ваквите претставувања на нови автомобили. Денешната технологија го дозволува тоа и што е најважно тој дигитален цртеж е на некој начин заштитен, а е наречен „нфт“. Користењето на оваа технологија за претставување нови модели не е ништо ново. Многу производители досега имаат претставено дигитални модели, некогаш само концепти, но неретко и сериски автомобили.


Сопственикот, односно компанијата Рејвен не дава слики во три димензии од внатрешноста на автомобилот, но затоа ја нагласува неговата силина, тежина и дизајнот на кој најмногу се задржува опишувајќи го речиси во детали.
„Рејвен гт“ е класичен купе и најверојатно е двосед или 2+2 седишта. Според сопственикот на дигиталните 3 д цртежи, купето има мотор со 12 цилиндри распоредени во V, силина 800 КС и 718 Нм максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,9 секунди и постигнува максимални 340 км/ч.
Дигиталниот автомобил има и своја тежина, точно 1.525 кг. Силината ќе се пренесува само на задната оска преку седумстепен автоматски менувач. Односот на тежина – силина е еднаков на 1,9 килограми на една коњска сила. Дури имаат податок и за тоа колку СО2 ќе исфрла во атмосферата, 345 гр/км.


Засега не е познато дали и кога компанијата Рејвен ќе започне со продажба на „рејвен гт“, но компанијата најавува втор автомобил и тоа од класата хипер.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.