PRAGA BOHEMA-КАКО СЕ ЧУВААТ РЕТКИТЕ НЕШТА

04/01/2023

„Прага бохемија“, име кое некогаш многу значело во автомобилската индустрија, исчезнало некаде во виорот на минатиот век. Денес тоа име е подзаборавено и живее само во музеите, во записите од хроничарите и во фотографиите кои избледеле со текот на времето. Замислете, Прага датира, односно влече корени од пред точно 115 години.

Некаде кон крајот на минатиот месец се случи нешто неочекувано, Прага повторно заживеа и најави претставување ултра брз автомобил наменет за тркачките патеки, но и за обичниот асфалт. За најавата на овој супер автомобил пишувавме малку во минатото издание, а сега го имаме пред нас со сиот негов сјај, без затемнети фотографии и силуети.

Автомобилот претставува вистинско ремек дело со неговиот несекојдневен изглед и облик во служба на аеродинамичните закони – сиот облик претставува спојлер обликуван во аеродинамичен тунел.

Погонската единица е позајмена од Нисан, одосно од моделот „гт – р нисмо“, а потоа е доработен од компанијата Литчфилд Инџињеринг. За сместување на моторот во ниската силуета на „прага бохемија“ била потребна дополнителна работа. Да се смести средишно во толку низок простор, конструкторите од Литчфилд Инџињеринг успеале да ја намалат висината на моторот за цели 14 см. Покрај тоа од него извлекле 700 КС или за 100 повеќе од „нисан гт – р нисмо“. Врвната технологија и материјалите во најголем дел јаглеродни влакна, титаниум, магнезиум, си го сториле своето и автомобилот може да се пофали со цена од 1,31 милиони евра. Производителот го посветува овој редок автомобил на некогашната победа на „прага бохемија“ на трката 1.000 Милји Чехословачка од 1933 год, 89. годишнина од победата на таа трка и затоа ќе бидат направени само 89 примероци.

Прага била мала работилница во која исклучиво царувале тркачките автомобили и добро е што тоа име повторно заживува, бидејќи со тоа се зачувува традицијата и истата ќе послужи за учење на младите генерации како треба да се чуваат и негуваат ретките старини, но и да дадат поттик на тие што утре ќе тргнат по стапките на некогашните конструктори на тркачки автомобили  стари повеќе од еден век – лекција како треба да се чуваат ретките нешта.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.