На 20 август Порше прикажа само еден детаљ од автомобил кој допрва теба да биде претставен пред светската јавност. Нема сомнеж, производителот наумил новиот модел да го изложи за првпат на некоја голема манифестација, а најблиску ни е ИАА Минхен на 6 септември. Значи Порше игра на картата на домашниот терен и домашната публика.
Бидејќи информациите се премногу оскудни, сега ќе почнеме да нагаѓаме. Засега единствен целосно електрифициран модел е „тајкан“. Можно е да подготвил втор и тоа во кабриолет изведба односно „718 бокстер“, односно „кајман“. Семејстото Порше како да подзаборави на еден успешен модел од минатиот век, „928“, кој засега не се ни спомнува, но дали е ова неговото враќање на старите патеки и второ претставување пред јавноста? Да се надеваме дека е така или „тајкан“ е четворосед, а „928“ класичен двосед или 2+2 седшта. И оваа варијанта доаѓа во предвид.
Како што велат од Порше, во новиот модел ќе биде вградена најновото чудо на технологија. На почетокот напомнавме, Салонот за автомобили во Минхен е најблиску и Порше сигурно на секои два – три дена ќе ни пушта „вода“ по малку и ќе ја подгрева атмосферата за првичното светско прикажување.
Жарко Атанасоски