Полна линија – ПОГОЛЕМА ДУРИ И ОД КИНЕСКИОТ ЅИД

24/06/2019

СТАТИСТИКАТА И ГОДИШНИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА СООБРАЌАЈНИТЕ НЕЗГОДИ ВЕЛАТ ДЕКА ДРЖАВАТА Е ПРИ ВРВОТ НА КОНТИНЕНТОВ, А ТОА ВООПШТО НЕ Е ЗА ФАЛЕЊЕ И ТРЕБА ВЕДНАШ ДА СЕ ДЕЛУВА.

 

Безбедноста не доаѓа само преку автомобилите и нивната конструкција. Производителите посветуваат големо внимание на безбедноста и затоа денес автомбилите се „накитени“ речиси со секакви помагала и уреди сè со цел да се заштитат патниците. Но неколкуте ѕведички што ги добиваат автомобилите при тестирањата во лабораториите на Еуронкап не се доволни да ве заштитат ако вие не ги почитувате сообраќајните правила и знаците.

Меѓу другите знаци ја имаме и полната линија која во превод значи, забрането газење и минување на другата коловозна лента. Таа полна линија треба за секого да претставува ѕид поголем дури и од кинескиот, ако сакате безбедно да патувате и вие и сопатниците, но и останатите учесници во сообраќајот. Ни на сон не преминувајте од другата страна на полната линија. Сообраќајното секојдневие не е воопшто розево, а за таквите прилики односно неприлики виновни се недисциплинираните учесници. Ние се задржуваме на тие кои од засега само ним познати причини не ја почитуваат полната линија.

 

Правилото со линиите на асфалтот е многу јасно и прецизно. Тие се поставени со цел да го означат местото односно внатрешноста во која треба да се движат автомобилите и да го задржуваат правецот. Три ленти во една насока, тоа не значи ако се испрекинати дека треба да се шетаме од една во друга како да сме на пазар или на скијачка слалом патека. При престројувањето од една во друга треба да се вклучи соодветниот трепкач. Тоа се случува кога лентите се испрекинати. Кога лентите се полни, тоа значи дека е забрането излегување од сопствената и влегување во другата лента. Сведоци сме на влегување од една во друга коловозна лента каде линијата е испрекината, но без трепкач. Ова е страшна работа, некои возачи се толку сообраќајно неписмени што мислат дека трепкачот се троши кога се вклучува. Трошокот резултира со извлеквање пари од џеб, а тие тоа не го сакаат. За нив сијаличката се троши и тука завршува приказната. Но за разлика од овие кои ја почитуваат испрекинатата или полната линија, но не ја почитуваат употребата на трепкачите, постои уште една група сообраќајно неписмени, недисциплинирани, кои заслужуваат да бидат драстично казнети.

На пример, на планински пат, вие ја искачувате планината, лентата е полна, а одозгора одеднаш гледате како камион, влекач претркува друг камион. И сега што правиме? Тој си претркува на полна лента, а патот планински од едната страна провалија од другата рид. Бирајте каде сакате да завршите, затоа што ако не одберете, тогаш третата опција е да се судрите со камионот. Многу возачи се сведоци на оваа и слични ситуации.

Често се случува известувањата од сообраќајната полиција да почнуваат на следниов начин: „Патничкото возило од засега непознати причини преминало во соседната коловозна лента и удрило во ридот (или во банкината или ја пробило банкината и завршило во провалијата).“

Една од причините зошто преминало во соседната лента е поради претходно опишаната ситуација со камионот кој претркува друг камион на планински пат симнувајќи се надолу. Возачот на камионот што претркува е „мангуп“ и тој може сè да прави, нему сè му е дозволено, затоа што се чувствува појак, вози камион. На ваквите недисциплинирани возачи мора да им се застане на патот и да бидат драстично казнети. Како резултата на ваквите и слични ситуации некои од учесниците во сообраќај се здобиле со трајна инвалидност, или, пак, за жал загинале на самото место.

Текстот го посветуваме само на овој сообраќаен знак, на полната линија, но не и на останатите знаци кои исто толку не се почитуваат како и полната линија. Годишните извештаи за сообраќајните незгоди велат дека сме при врвот на континентов, а тоа е поразително за земјава и веднаш треба да се делува и тоа ригорозно.

 

Жарко Атанасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.