Полстар е новосоздадена марка од страна на Волво, односно таа е негова луксузна дивизија, нешто како Тојота со Лексус, Нисан со Инфинити, Хонда со Акура, Хјундаи со Генезис. Сепак ниту една од овие марки не е во премиум класата, а Волво е дел од таа премиум класа. Зошто му требаше луксузна марка, само тој знае или со Полстар сакаше да го оправда своето ветување дека наскоро ќе произведува само електрични возила? Работите во Полстар не се одвиваа како што треба и Волво ја препушти компанијата на кинескиот гигант Гили, а токму оваа компанија го има Волво под своја капа. Значи сѐ се случува во едно пошироко семејство.
Деновиве Полстар најави доаѓање на ново сув возило, „седумка“ и тоа во компактни димензии. Што му значи тоа, ќе се изјасни малку подоцна, но затоа на јавноста и подари фотографија од новото возило со покривка да покажат малку мистериозност. Не се приметуваат основните линии, туку само обликот на светлата. Сепак тие светла можат да бидат многу брзо поинаку обликувани. Почетокот на продажбата е најавен за 2028 година, а тие веќе сега го најавуваат. Не откриваат кога ќе биде светската премиера, но затоа велат дека ќе произведуваат нов „сув“ на платформата наречена „спа 3“.
Производството ќе се одвива во Кошице, Полска, во фабриката која сега е во изградба. Таму Волво ќе ги произведува идните „ес 60“, „ев 60“ и „е икс 40“. И овие возила ја делат спомнатата платформа. Светска премиера сега во Минхен? Можно е, зошто да не!?
Жарко Атанасоски