POLESTAR 3-ТРЕТА СРЕЌА

02/07/2021

Полстар, луксузната марка на Волво прикажа фотографија на која има покриено возило. Според контурите на покриеното возило најверојатно во прашање е сув модел. Според првичните сознанија можно е новиот член во семејството Полстар, трет по ред, да е продолжение на концептот „присепт“ претставен минатата година. Со тоа гамата на новосоздадената марка се комплетира, а „јагуар и – пејс“ и сличните на него, добиваат сериозен конкурент. Трет модел во семејството и затоа името му е „полстар 3“ (полстар три).

Засега се познати следниве нешта „тројката“ на Полстар – ќе се произведува во САД, во Јужна Каролина во фабриката на Волво, а ќе ја користи основата наречена „сеа“ створена од сопственикот Гили и за првпат употребена, исто така, во новосоздадената марка Зикр, поточно во електромобилот „001“. Неговиот електричен погон е способен да го понесе возилото до 100 км/ч тргнувајќи од место за 3,8 секунди, а со едно полнење ќе изминува 700 километри, односно со помош на поголемата 100 kWh батерија. Ваквото ферариевско забрзување се должи на силината од електромоторите кои располагаат со дури 544 КС.

Ако ова ново сув возило е директен наследник на концептот „присепт“ тогаш возилото ќе располага со супериорен дизајн во однос на конкуренцијата. Ниту една друга марка која има сув возило во класата од „полстар 3“ ни одблизу не располага со облик каков што поседува „полстар 3“. Денес да обликуваш автомобил кој не личи на ниту еден друг на планетава тоа е преголем успех, а кога на ова ќе ги додадете раскошните линии, тогаш бидете сигурни дека во моментов Полстар располага со најспецифичниот и за око најдобриот дизајн. Тоа ќе биде дополнителен адут за успешна продажба, но и препознатливост. Продажбата ќе започне на средина од наредната година. Кинескиот автомобилски гигант Гили е сопственик на следниве марки: Волво, Лотус, Зикр, Полстар, Линк & компани и Протон.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.