PININFARINA BATTISTA TARGAMERICA-„БАТИСТА“ ВО ТАРГА ИЗВЕДБА

02/09/2024

Минатата година Пининфарина на манифестацијата Недела на автомобилите во Монтереј беше присутен со своето хипер купе „батиста“ посветено на основачот на компанијата и на 80 годишниот јубилеј. Тогаш еден познат клиент на Пининфарина нарачал посебна изведба од „батистата“ која веќе ја поседувал. Неговото несекојдневно барање било прифатено како пријатно изненадување во Пининфарина, затоа што такво нешто немаат многу одамна направено или поточно од 1986 год. кога за Џовани (Џани) Ањели, сопственикот на Фиат, направиле една „тестароса кабриолет“. Биле потребни 12 месеци нарачката да биде готова и истата ја прикажале на годинашниов собир во Монтереј.

Во што се состои посебноста на тоа купе „батиста“ именувано како „таргамерика“, тоа ќе го приметите и откриете од фотографиите. Кога некој нешто нарачува како на пример врвен луксуз во светско пакување тогаш тоа мора да е некој врвна ексклузивност. Во тој случај нарачателот бира многу нешта како на пример материјали, некои измени во внатрешниот дизајн, бои, но не може да прави измени во виталните делови од автомобилот, како на пример шасија, погонска единица, систем за управување или нешто слично. Јубилејната „батиста“ користи четири електромотори, по еден за секое тркало, а нивната вкупна силина е повеќе од запрепастувачка, 1.903 и 2.340 Нм максимален вртежен момент – слични бројки наоѓаме и кај „римац невера“, само што крајната брзина е некаде над 300 км/ч, но никако не ја надминува границата од 400 км/ч (како што е случајот со „римац невера“). „Пининфарина батиста таргамерика“ е продолжение од оригиналниот модел „батиста“, а овој води потекло од „неверата“ на Мате Римац. При создавањето на „батиста“, челниците од Пининфарина тропнале на врата кај Мате Римац со молба да им помогне во создавањето на моделот „батиста“. Затоа во основа моделот „батиста“ е всушност „невера“.

Велат можно е да направат уште некоја „таргамерика“. Дали имаат дозвола за такво нешто од сопственикот на идејно решение, лицето кое си ја нарачало таа „таргамерика“? Во денешниов свет сѐ е можно, да почекаме и да видиме што ќе се случи или ова се само озборувања.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ