PEUGEOT „2008“, „3008“, „5008“-ТРИО ФАНТАСТИКО И КРАЛОТ ЛАВ

26/02/2021

Гужва во шеснаесетникот, така може да се опише севкупната ситуација во моментов во автомобилската индустрија. Треба да се оди во Женева, но сè зависи од тоа како ќе се одвиваат работите. Засега нештата не се одвиваат во саканата насока и затоа ќе си премолчиме што ќе се случува натаму.

Сепак, производителите се подготвени да ги изложат најновите модели. На пример ако се одеше во Женева, Пежо ќе ги претставеше обновените: „2008“, „3008“ и „5008“. Сосема нова маска за сите „сув“ модели, маска која пред сè гарантира препознатливост која Пежо отсекогаш ја негувал, но овој вид како да влече корени од некогаш популарниот 205. Таа негова маска како да се провлекува скоро пет децении.

Многу обновени детали од кои најмногу се спомнува изведбата наречена „гт спорт“ кај моделот „3008“, а тука се и неизбежните 10 инчни монитори осетливи на допир, неизбежните лед светла. „Трио фантастико“ и кралот лав преоблечен во нов дизајн доаѓа(!?) во Женева – цела свита од „сув“ возила на едно место. Тоа би бил убав призор доколку нештата останеа нормални во светов. Да почекаме и да видиме што ќе се случува во првите две недели од март, дали организаторот повторно ќе го откаже саемот или…

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.