Серискиот модел го нарачуваш и плус по твоја желба го дотеруваш со материјали, бои и слично, но без чепкање во дизајнот. Тоа стана нешто како секојдневие. Сите луксузни марки од горната класа ја имаат оваа програма за нарачување, но некои одат и подалеку, како на пример Ферари кој на основа од еден сегашен модел прави автомобил по нарачка со ваш дизајн, мотор, шасија и сè останато, е од денешен модел, а останатото од нарачателот. Ламборџини за време на манифестацијата Недела на дизајнот што се одржа во Милано, претстави мотоцикл „дукати панигале V4 ламборџини“ и супер купе „ламборџини ревуелто ад персонам дукати“. Мотоциклот е посветен на купе автомобилите од марката Ламборџини, а супер купето „ламборџини ревуелто ад персонам дукати“ е посветено на мотоциклот. Да биде појасно, Ламбрџини е сопственик на Дукати, поточно Ауди е сопственик на двете марки, а Фолксваген е сопственик на сите три марки. Ова може да се свати како добар рекламен потег – двата производи да се продаваат во пакет.
Главен беше мотоциклот посветен на автомобилите од марката Ламборџини. Посебна боја, посебни детали, многу материјал направен од јаглеродни влакна, намалена тежина на накитениот примерок само 183 кг и силина од запрепастувачки 218,5 КС. Тука некаде се ретитаниумскиот издув „акрапович“ и неизбежната бројка „63“ која за Ламборџини е толку многу значајна – почетоците на Ламборџини датираат од 1963 год. Затоа мотоциклот ќе биде произведен во 630 примероци, а производителот најавува дополнителни 63 ултра луксузни за клиенти кои веќе имаат купено „ламборџини ревуелто ад персонам дукати“, за да бидат целосно опремени, ништо да не фали.
„Ламборџини ревуелто ад персонам дукати“ си ја има класиката V12 потпомогнат од три електромотори или тоа е еднакво на 1015 КС. Затоа купето носи ознака „хпев“ (хај перформанс електрик викл). 2,5 сек од 0 до 100 км/ч и максимални 350 км/ч.
Ова е ретка можност да се купат вакви примероци од возила, затоа цената тука воопшто не игра улога. Но колку за информација тие 630 примероци ќе се продаваат по цена од скоро 80.000 долари, а тие 63 („дукати панигале V4 ламборџини спечиале клиенти“) ќе се продаваат по цена од 100.000 долари. Всушност купувате Ламборџини на две тркала, затоа тоа Дукати е толку скапо. Во тие пари има посебна кацига, јакна, но најверојатно и комбинезом.