PAGANI HUAYRA-ДОЛГО ОПАШЕСТАТА „ЛИСИЦА“

29/06/2022

Скоро сите тркачки автомобили од ’60 години од минатиот век без исклучок поседувале издолжен и малку подигнат заден дел. Тогашните знаења за аеродинамиката налагале таква „опашка“, затоа производителите на тркачките автомобили го почитувале тоа правило.


Во нивна чест, но и во чест на долго опашестите тркачки автомобили, Хорацио Пагани реши да направи пет „кодалунга“ примероци од моделот „уаира“ кој е во заминување. Малку подолга каросерија, малку помеки и издолжени линии и моделот со долгата опашка е веќе подготвен за производство. Од тие пет примероци три веќе се продадени, а сѐ уште ниту еден не е излезен од работилницата.

 

„Пагани уаира кодалунга“ не е од тие најсовремените со електромотори туку има тешка класика од мотор, V12 со вкупна зафатнина од 6,0 литри и поседува солидно фантастични 827 КС. „Долго опашестиот“ по правило би требало да биде потежок од купето, но не е така, туку обратно. Иако изведбата „кодалунга“ (долга опашка преведено од италијански) е подолга за цели 36 см сепак е полесна од купето. Цената за долго опашестата „лисица“ е само 7,36 милиони долари. За тие пари сопствениците добиваат рачно изработен спортски автомобил, 3,0 сек. од 0 до 100 км/ч и крајна брзина од над 320 км/ч, издувен систем од титаниум, најпрефинета јаглеродна маса (јаглеродни влакна) од  која е направен автомобилот, прецизна и темелна доработка исто како да е борбен авион.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.