Годинава на крајот од зимава Опел најави воскреснување на некогаш многу популарниот модел „манта“. Повозрасните се сеќаваат на тој автомобил кој беше статусен симбол на спортски настроените возачи. Рака на срце и денес да се појави, но со истиот или сличен дизајн, автомобилот со сто отсто сигурност ќе постигне голем продажен успех. Опел на големиот притисок од јавноста повторно ќе го внесе моделот во производство. Сепак има една „непозната“ која вели изворниот дизајн на „манта“ ќе го остават во минатото, а на неговото место доаѓа, исто така, „манта“, но во „сув“ изведба. Жолтиот концепт „опел манта гсе електро мод““ кој се појави минатото лето оди во некое музејско депо. И од сета таа прашина за и околу некогаш популарната „манта“, нема ништо. Сега големите љубители на изворната „манта“ останаа со празни раце и наместо класика од купе, добија „сув“.
Нови времиња нови навики. Денешниов свет не сака купе дизајн, сака нешто како теренско возило и производителите итаат да им излезат во пресрет. Сепак некои нешта беа познати уште минатата година кога се појави сув концепот „манта – е“ ја збуни јавноста со името – можеше да се насети дека нешто не е во ред, едно име два концепти (зелениот и жолтиот).
Велат новава, електрична, со едно полнење ќе изминува 700 километри, а помеѓу изведбите ќе има и со погон на сите тркала. Производителот не спомнува ништо за погонските единици, но според тоа што досега има објавено Стелантис во врска со новите платформи и електромотори, возилото „опел манта е“ ќе биде направено на сосема нова основа, додека силината на електромоторите ќе се движи помеѓу 170 и 245 КС.
Опеловиот главен, „Михаел Лохшелер“, уште пред околу една година најавуваше дека „манта е“ наскоро ќе се појави. Некои велат минатиот февруари бил одреден за месец на светската премиера, но поради општата состојба во светот работите се одложени на неодредено време, но прашање на недели, не на месеци.
Опел има едно децениско искуство со сериското производство на електромобили. Неговиот модел „ампера“ беше претставен пред повеќе од 10 години, а во 2012 ја освои титулата Автомобил на годината за 2012, така што Опел многу добро знае што прави, има најголемо искуство од сите други производители на континентов. Директни противници на „манта – е“ се: „цитроен е – ц 4“, „киа ев 6“, хјундаи јоник 5“, „фолксваген ид 5“ и тн. Ете зошто „манта – е“ влегува во рингот.
Зеленото возило на фотографиите покажува занимлив дизајн, но да видиме што од сето тоа ќе добиеме во сериско производство.