Во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на најновиот модел во гамата на Opel, новата Opel Astra. Прашината која успеа да ја подигне со своето првично прикажување, неколку месеци претходно предизвика реакции и бројни позитивни коментари уште пред своето официјално дебитирање на македонскиот пазар.
На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост. Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на импортерскиот салон, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на Новата Opel Astra.
Продукт менаџерот за Opel – Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави: „Сосема новата Astra….Зборува сама за себе. Дизајнирана, развиена и произведена во Германија. Новата Astra сега изгледа далеку подобро (можеби и одлично) со чист и смел дизајн во кој се вклучени интересни детали што потекнуваат од славниот предок, моделот Opel Kadett“.
Со новата Astra се гледа подобро на пат со унапреденото INTELLI-LUX LED PIXCEL предно осветлување, составено од 84 модули во само еден преден фар… дури 4 пати повеќе од ривалите. Новата Astra се грижи подобро за здравјето со INTELLI-AIR системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер, дури и против вируси. Во новата генерација на Astra, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10” дисплеи: Pure Panel или целосно застаклениот Pure Panel Pro. Во новата Astra се седи подобро со AGR предните седишта, подесување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, а како стандарден дел од опремата веќе од второто ниво на опременост, што овозможува масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта.
Во новата Astra се вози дефинитивно подобро, благодарение на третата еволуција на EMP2 V3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Stellantis групација преку турбо бензинските 1.2 литарски агрегати со 110 КС или 130 КС, помоќната изведба, покрај 6 степен мануелен менувач може да биде поврзан и со 8-степен автоматски менувач, тука е и дизелската опција која доаѓа во форма на 1.5 литарски турбодизелски агрегат со моќ од 130 КС и осумстепен автоматски менувач. Во моментов на врвот од понудата се изведбите со plug-in hybrid технологија и вкупна хибридна снага од 180 КС во послабата опција или 225 КС кај перјаницата. Додека за идната, 2023 година е најавено и пристигнувањето на целосно електрична верзија на Astra..
Од Еуроимпекс сметаат дека нема потреба од компромиси за да добиете секојдневно возбудливо возење, стилски изглед, ниски трошоци и иновативна технологија, затоа што новата Opel Astra стратува со почетна цена од 21.700 евра.