OPEL FRONTERA-„ФРОНТЕРА“ СЕ ВРАЌА

11/04/2024

Името „фронтера“ во таборот на Опел повторно се појавува. Беше подзаборавено во првите години од новиот век, а сега повторно е во игра. „Опел фронтера“ беше теренско возило со средни димензии, а сегашнава која допрва треба да влезе во продажните салони, со димензиите не е како таа ние што ја познаваме. Старата „фронтера“ е долга скоро 4,7 м, додека новата е за 30 см покуса. Моделот „кросленд“ си заминува, а ќе го наследи „фронтера“. Така одлучиле одговорните во Опел на чело со Флоријан Хуети.

Дизајнот е во сродство со останатите од гамата, односно Опел го негува дизајнерското обединување. Тоа е непишано правило за моделите веднаш да бидат препознатливи на улица.

Новата „фронтера“ е 4.400 мм долга со товарен простор од 460 литри („кросленд“ 410 л), односно 1.600 со спуштени задни седишта. Покрај чисто електричната изведба, планирани се уште две, едната со бензински мотор, а другата со истиот мотор и умерена хибридна 48 волтна технологија. Најверојатно ќе биде позајмен некој бензински мотор од Стелантис кој веќе се користи во некои возила од групацијата со слични димензии. Дигиталната табла со инструменти е неизбежна заедно со двата екрани со дијагонала од 10 инчи.

За подетални информации ќе почекаме уште некоја недела, некаде пред почетокот на продажбата, а тоа ќе се случи ова лето.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.