Толку посакуваната ниска висока класа никако да го изгуби приматот во автомобилската индустрија. Затоа производителите љубоморно ги чуваат своите модели од спомнатата класа и редовно ги обновуваат. Според статистиката ниската висока класа е една од најдоходовните и затоа ниту еден производител не се откажал од неа. И покрај сè има производители кои ја згаснаа оваа класа, а тоа во превод значи си ја пресекле гранката на која седат. Опел е еден од тие што ја чуваат традицијата, најнапред како „кадет“, а во последниве три децении моделот настапува на пазарот како „астра“.
Откако Опел влезе во семејството ПСА (Пежо СА) каде друштво им прави и Фиат, на јавноста и е познат деталот за и околу на која основа ќе се прават идните модели. Новата генерација од моделот „астра“ ќе биде правена на пежоовата основа (платформа – архитектура) наречена ЕМП 2. Димензиите ќе бидат слични со тие од новиот „пежо 308“ и останатите од класата: „корола“, „фокус“, „меган“, „леон“, „голф“, „сивик“ и други.
И како што секогаш се случува, Опел и овој пат ќе претстави каросериска изведба со три и пет врати и неизбежната караван изведба по која „астрата“ е добро позната. Датумот на првото прикажување сè уште не е соопштен, но познат е месецот, јули.
Жарко Атанасоски