Од јули нови правила за буката на електричните возила

12/06/2019

Од 1 јули 2019 година, Регулативата за звучно предупредување кај возилата (AVAS), ја направи задолжителна инсталацијата на ваквите системите за звучно предупредување за сите нови типови на електрични и хибридни возила со ЕУ- одобрение. Целта е да се алармираат пешаците, велосипедистите и другите ранливи групи на учесници во сообраќајот за присуството на возилото.

Сите возила што се продаваат од 1 јули 2019 година треба да доаѓаат со систем кој емитира бучава со брзина до 12mph, иако алтернативните модели претставени пред тој датум можат да продолжат да се продаваат до 1 јули 2021 година.

Звукот од возилото мора да се емитира кога возилото се движи во обратна насока, како и при возење во ниски брзини. Законодавството ќе бара бучавата да биде помеѓу 56-76dB. Дополнително, Регулативата наведува дека нивото на звук треба да се менува согласно забрзувањето и забавувањето на возилото, на сличен начин како што функционира моторот со внатрешно согорување.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.