Првите паркинг-места беа обележани во станиците за технички преглед на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и во Велес, а дополнително, во соработка со Град Скопје, се обележани и 27 паркинг-места што на почетокот ќе им бидат достапни на трудниците и на родителите на деца до тригодишна возраст за паркирање.
АМСМ како единствена членка на ФИА (Меѓународна автомобилистичка федерација) од земјава има пристап до Фондацијата ФИА и до грант програмите на ФИА за поголема безбедност на патиштата.
Како резултат на ова, АМСМ со поддршка на ФИА, а во соработка со сите релевантни национални институции, досега реализира низа проекти насочени кон подобрување на безбедноста во сообраќајот на различни целни групи.
Овој пат, во конкуренција на проекти од повеќе автомото клубови, проектот на АМСМ „Безбедни семејни паркинг-зони“ беше меѓу избраните проекти за кофинансирање од ФИА.
Проектот „Безбедни семејни паркинг-зони“ подразбираше измена на Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот во кој, по соработка со Министерството за транспорт и врски, беше воведена хоризонтална и вертикална сигнализација за обележување на ваквите безбедни семејни паркинг-места и беа дефинирани сите спецификации поврзани со нивното обележување и користење. Притоа за пример ги имавме европските земји и нивната регулатива и практика.
Првите паркинг-места беа обележани во станиците за технички преглед на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и во Велес, а дополнително, во соработка со Град Скопје, се обележани и 27 паркинг-места што на почетокот ќе им бидат достапни на трудниците и на родителите на деца до тригодишна возраст за паркирање. И тие се во рамките на следните паркинзи со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“-Скопје:
Во соработка со ЗЕЛС се планира обележување и во општините на територијата на град Скопје, а потоа и во Велес, Охрид, Битола, Тетово, Штип, Куманово, како и понатаму низ цела држава.
Во таа насока изразуваме огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје, ЗЕЛС, Клиниката за гинекологија и акушерство и Факултетот за безбедност за поддршката и реализацијата на овој проект.
„Полицијата доследно се грижи за спроведување на законските одредби од сообраќајот и преку превентивни активности и преку зајакнати сообраќајни контроли, што евидентно резултира со зголемено почитување на правилата и на прописите во сообраќајот од граѓаните. Во изминатиов период санкционирани се околу 5.000 возила и околу 500 мотоциклисти за низа прекршоци, од кои најприсутно е пречекорувањето на дозволената брзина на движење, односно кај 1.500 од казнетите возачи. Иако понекогаш ни се забележува за ригорозноста, сепак решителни сме во нашиот пристап кон подигнувањето на безбедноста на сообраќајот на високо ниво какво што заслужуваат нашите граѓаните “, рече министерот Спасовски.
По овој повод градоначалникот на Скопје, г. Петре Шилегов, изјави: „Овие паркинг-места се утврдени на најповолните локации што им се потребни на овие граѓани и тоа пред здравствени установи, одредени центри за купување, како и пред јавни објекти што првенствено се наменети за најмладите. Водевме грижа овие паркинг-места да бидат поставени и на најсоодветните места, односно при влез-излез во самата паркинг-зона.“
Министерот за транспорт и врски, г. Благој Бочварски, го пофали проектот и рече: „Би сакал да најавам дека веќе работиме на проектот ‘Урбан Мобилити Tранспорт’ во Скопје, проект преку кој ќе се обезбедат пристапни опции за транспорт за сите граѓани, обезбедување лична безбедност и безбедност во рамките на транспортниот систем и подобрување на целокупниот квалитет на живот на граѓаните.“
Генералниот секретар на АМСМ, г. Димитар Миновски, по овој повод изјави: „Ги повикувам трудниците и семејствата со деца до тригодишна возраст да ја искористат привилегијата за паркирање на овие паркинг-места и да ја извадат потребната ознака во станиците за технички преглед на АМСМ во Скопје, во Центар (секој работен ден од 07:00 до 19:00 ч. и во сабота од 08:00 до 15:00 ч.) и во Чаир (секој работен ден од 08:00 до 16:00 ч. и во сабота од 08:00 до 13:00 ч.).“
Ознаката за паркирање на безбедните семејни паркинг-места гарантира резервирано и внимателно избрано паркинг-место, но не ослободува од надоместокот за паркирање.
За трудниците следува бесплатна брошура со совети, а сите корисниците бесплатно добиваат налепница за обележување на возилото за превоз на бебе или дете во автомобил.