Нисан не се откажува од закоравеното спортско купе накусо именувано како „з“. Од неговото прво појавување во 1969 година под името „с30“, Нисан постојано го негува своето купе, со децении наназад постојано го обновува и сега на светската јавност ѝ соопштува појавување на нова генерација. За таа цел објави слики од концептот „з прото“ кој всушност кога ќе се појави како сериска изведба ќе носи име „400 з“, барем засега такви се најавите.
Погонот на „нисан з прото“ е класика, шест цилиндри во V со вкупна работна зафатнина од 3,0 литри. Оваа погонска единица се нуди со силина од 300 и 400 КС. Покрај двете силини, Нисан нуди и две менувачки кутии, едната сериски со шестстепен обичен менувач, додека автоматскиот со седум брзини ќе се нуди како опција. И како што најавуваат, изведбата со автоматскиот менувач ќе биде побрза од изведбата со обичниот, но и за околу 25 кг потешка. Прототипот „з прото“ ги има следниве димензии, должина 4,38 м, ширина 1,85 м и висина 1,31 м.
Според првичните озборувања, можно е Нисан да оставил простор и за „најлутата“ изведба наречена „нисмо“ која речиси е подготвена за трки. Нема најави за основните брзински особини, ниту за цената, но познато е времето кога купето „400 з“ ќе биде претставено пред светската јавност – тоа ќе се случи во првата половина од наредната година.
Жарко Атанасоски