Пред точно 22 години Нисан за првпат го претстави моделот „икс треил“ со кој постигна мошне солидни продажни резултати. Популарноста на овој модел се зголемува од година во година и Нисан постојано му посветува внимание со обновување и вградување на нови технолошки решенија. Во својот животен век моделот „икс треил“ излегува пред светската јавност со четврта премиера. Оваа премиера се разликува од претходните по тоа што возилото ќе остане без својот дизел мотор, туку ќе царува електриката. Наместо течно „фосилно“ гориво низ автомобилот ќе тече струја која ќе се произведува во предниот дел. „Нисан икс треил“ има батерија но не треба да се надополнува секогаш кога ќе се испразни. Покрај електромоторите има и обичен 1,5 литарски мотор со внатрешно согорување, односно клипен, кој со своето работење произведува струја преку мала турбина, а потоа таа струја оди во батеријата. Оттаму струјата оди во електромоторите. Убава досетка на конструкторите, во спротивно ќе треба среде патување да правите ручек пауза како за вас, така и за батеријата. Бензинскиот мотор се користи исклучиво за производство на електрична енергија, а задвижувањето е строго доверено на електромоторите.
Покрај изведбата со погон на две тркала, Нисан традиционално ќе нуди „икс треил“ со погон на сите тркала, а ќе биде наречен „и – 4орс“. Ова е сосема нова технологија која гарантира беспрекорен контакт на пневматиците со подлогата во сите услови и режими на возење, така што стабилноста и безбедноста секогаш се на највисоко ниво. Покрај дизајнот и новите погонски решенија, Нисан посветил многу време на внатрешноста – сето тоа да биде ергономски со врвна изработка и завршна доработка. На купувачите им преостанува да изберат дизел изведба со пет или седум седишта.
Ова со електрифицираната изведба да не ве збуни, ќе има „икс треил“ и со умерен хибриден погон со вкупна силина од 163 КС, а за одредени пазари сигурно ќе бидат вградени погони според побарувачката. За тие што мислат да шетаат по мориња, реки, планини и езера, багажникот има зафатнина од 585 литри, а со соборени задни седишта скоро двојно повеќе. За цена и за повеќе детали обратете се кај увозникот.