Тука сме на чекор до почетокот на продажбата на еден од најпопуларните и најпродаваните модели на Нисан. Кога „нисан икс треил“ се појави за првпат јавноста беше пријатно изненадена и возилото веднаш почна да постигнува добри продажни резултати. Додека конкуренцијата сфати што се случува, „нисан икс треил“ одите далеку пред неа. Токму тој модел сега е претставен во сосема ново руво- четврта генерација која има задача да го потврди и надмине успехот на претходните генерации. Но се поставува прашањето како ќе ја премости празнината со дизел моторите, затоа што тие веќе ги нема во понуда.
Сепак Нисан нуди замена, а тоа е новата погонска единица „е пауер“. Тоа е хибрид, но малку поинаков од досегашните. Неговиот бензински мотор не служи за задвижување на возилото, туку за производство на електрична енергија, а потоа таа е гориво за електромоторот или електромоторите. Изведбата со еден електромотор има силина од 204 КС и погонот е на предните тркала, додека изведбата со два електро-мотори наречена „4орс“ има погон на сите тркала и силина од 213 КС.
Конструкторите велат оваа изведба (4орс) просечно троши од 5,8 до 6,5 литри бензин. Другата погонска единица е со умерен хибриден погон, односно класика од бензински мотор и електромотор со кој може да се изминат неколку километри, не повеќе од 15. Благодарение на турбо полначот бензинскиот мотор развива 163 КС и постигнува максимални 200 км/ч. Одделот за патниците сега е поголем и во него можат удобно да се сместат пет, но и седум возрасни лица. Веднаш зад патничкиот се наоѓа товарниот оддел кој сега е поголем за 20 литри односно поседува зафатнина од 585 литри, а со соборени задни седишта одделот се зголемува за речиси двојно повеќе. Влегувањето во продажните места ќе се случи кон крајов од годинава, но дали ќе ја постигне и надмине славата на претходните генерации сепак треба време да помине.