ANDRETTI GLOBAL-НОВО ИМЕ ВО ФОРМУЛА 1

05/10/2023

Еве една новост од Формула 1. Најбрзиот „циркус“ на 2 октомври и официјално доби 11-ти тим. Тоа е Андрети Глобал, тим чиј челник е Мајкл Андрети, успешен сопственик на тимот Андрети Аутоспорт од серијата Инди Кар, трки налик на Формула 1 кои се одржуваат првенствено во САД. Тимот има соработка со Генерал Моторс, а ќе го користи името на Кадилак, односно ќе позајмува мотори од Рено, а ќе ги именува со Кадилак. Засега нема најави од тимот во која година ќе започнат да се тркаат. Покрај тимот на Мајкл Андрети, син на некогашниот шампион (1978) од Формула 1, Марио Андрети, Форд најави враќање во најбрзата трка во тимот на Ред Бул Рејсинг, а Ауди ќе влезе во тимот на Заубер на местото од Алфа Ромео. Сето тоа ќе се случи во 2026 година.

При пријавувањето на нови тимови, покрај Андрети Глобал, имало уште три, но сите биле одбиени од ФИА, светската автомобилска федерација. Робин од Нов Зеланд, потоа британскиот Хајтек ГП и од Азија (и Африка) тимот Лисунц. Сите три пријавени тима се одбиени, но занимлив е тимот кој доаѓа од Азија. Според изјавите од сопствениците, тимот покрај тоа што ќе учествува во шампионатот од Формула 1, воедно ќе се посвети и на поголемо приклучување на Азија и Африка во тоа елитно натпреварување, како не пример враќање на трката во Африка на патеката Кијалами во ЈАР.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ