ИНТЕРНЕТ-ПЛАТФОРМАТА EUROPEAN BEST DESTINATIONS НЕКОЛКУ ГОДИНИ ВЕЌЕ СЛУЖИ КАКО СВОЕВИДЕН ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ НИЗ ЕВРОПА, КАДЕ ШТО ЛУЃЕТО КОИ СЕ КОЛЕБААТ, СЕ ДВОУМАТ, НЕ МОЖАТ ДА СЕ РЕШАТ ВО ВРСКА СО ИЗБОРОТ НА ДЕСТИНАЦИИ (ЗА СИТЕ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА), СИГУРНО ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ ДА ГО НАПРАВАТ ВИСТИНСКИОТ. НЕЈЗИНИТЕ СЛЕДАЧИ ШТО ДЕФИНИТИВНО СЕ ВО МНОГУ ГОЛЕМ БРОЈ НЕОДАМНА СЕ ИЗЈАСНИЈА ЗА ЛЕТНИТЕ, ПРИТОА ИЗБИРАЈЌИ ГИ ТРИТЕ НАЈУБАВИ ПЛАЖИ ВО ЕВРОПА ЗА 2025 ГОДИНА. ПРВОТО МЕСТО ГО ЗАЗЕДЕ „ПОРТ ГЛАРОКАВОС“ ЧИЈА БЛИЗИНА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНСПИРИРА ДА ЈА ПОСЕТИТЕ, ЗОШТО ДА НЕ
Конкуренцијата беше силна, без сомневање. Особено ако се има предвид фактот дека интернет-платформата е објективна, препорачувајќи ги само најубавите, и божиќни панаѓури и национални паркови и романтични места и скијачки центри… Без исклучок на плажите во лето факторизирајќи ги. Маркетиншкиот потег е значаен, влијае врз изборот на одредиштето. Многумина донесуваат одлуки на ваков начин.
Кала Брандинки
Естетските критериуми се најважни. Фотографиите имаат пресудно значење за оние што не ги посетиле, снимките направени со помош на дронови (беспилотни летала) се решавачки. Секако дека и впечатоците на луѓето кои биле таму не можат да се занемарат. Напротив имаат влијание, и тоа големо. Заедно со нивните рецензии. На ист начин се избираат и плажите со придавката „најубави“. Годинава на чело е грчката „Порт Гларокавос“. Идеална и за младите и за семејствата со деца, вклучувајќи ги и повозрасните.
Кала Прегонда
На добар глас е отпорано. Се чини дека Грците ја чувале само за себе, љубоморно по малку последните неколку години е во центарот на публицитетот. Благодарејќи на European Best Destinations, 2025-та ја сметаат за нејзина. Имено, лагуната веднаш ќе ве освои со синиот спокој, а се одликува и со мир и тишина. Ситниот песок е светол, има боја блиска до белата – со златен отсјај. Одвреме-навреме ќе може да се повлечете во сенка, доколку сонцето ви прижеже. Боровата шума е веднаш до неа. Имате можност и да најмите лежалка (заедно со чадор – сонцобран) и да се повозите со чамец и да седнете на кафе во истоимениот бар со гаранција за добро расположение. Морето е длабоко, водата кристална, бојата синозеленкаста (тиркизна).
Порт Гларокавос
Плажата инаку е на Халкидики, близу Пефкохори во Касандра (првиот крак). Дотаму ќе стигнете за шест часа, максимум растојанието меѓу Скопје и „Порт Гларокавос“ е околу 310 км, нешто повеќе. Вреди да се отиде, најмногу за неосквернетоста. И автентичноста, секако. А во близина (10-тина км), пак, се наоѓа спа-центарот „Мираџо“ чија вода е природно топла. Го карактеризира луксуз и следствено, високи цени. 500 евра чини дневниот престој. Како и да било, секогаш е исполнет до крај со гости без оглед на тоа што има големи димензии.
Гларокавос бич бар
Второто место ѝ припаѓа на „Кала Брандинки“ во Сардинија (Италија), близу Сан Теодоро потсетува на Тахити, бегло. Целата регија е позната по кулинарските специјалитети, пред сè „порчету“ (прасешко месо) и „кулурџонес“ (полнети тестенини). Третото место го зазема „Кала Прегонда“ во Менорка, Шпанија. Впечатокот е како да се наоѓате во пуста дивина. Околните села ќе ве нагостат како на царска трпеза, нивен специјалитет е „калдерета де лангоста“ (чорба од јастог).