АФРИКА НА ПРАГОТ ОД АВТОМОБИЛСКИ БУМ

01/11/2019

Додека очите на светската јавност беа насочени кон Франкфурт и неговата манифестација наменет строго за автомобилите, некаде на крајниот југ од планетава на Африканскиот континент, во Јоханезбург, ЈАР, беше претставена сосема нова марка на автомобили која наскоро ќе го лансира во продажба својот прв модел. Марката е Муреза, а прототип моделот кој за првпат беше прикажан пред светската јавност е наречен „прим 8“.

Седиштето на Муреза Ауто Компани се наоѓа во ЈАР, а Татенда Мунгофа еден од нејзините раководители објаснува зошто токму оваа земја е одбрана за изградба на фабриката:

– Во оваа земја автомобилската индустрија е најбрзорастечка и воедно има многу добавувачи. Затоа ЈАР ја одбравме за седиште на нашата компанија и за седиште на првата фабрика.

Новата африканска компанија тесно соработува со компанијата „Саипа“ од Иран, всушност иранскиот производител е еден од главните вложувачи и основач на новата марка автомобили во Африка.

Конструкторите најавуваат производство на неколку модели: седан, сув, крос хечбек и пик ап изведба, односно какви барања ќе имаат купувачите така ќе се прилагодуваат моделите и изведбите. Сепак најмногу ќе биде произведуван најпрактичниот за работа, а тоа е пикапот, додека прикажаниот прототип „муреза прим 8“ кој треба да се појави на пазарот на крајот од септември е планиран како втор најбаран модел.

„Муреза прим 8“ во себе има бензински 1,5 литарски мотор со 118 КС. Има место за четири возрасни лица, четири воздушни перничиња, клима уред, 17 сантиметарски екран на допир, односно има сè што имаат и автомобилите од континентов.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.