MOBILIZE EZ-1-МАЛИТЕ АВТОМОБИЛИ ОТСЕКОГАШ БИЛЕ ВО МОДА

26/10/2021

Малку возење, малку повеќе заштита на животната средина, а најмногу од сè има практичност, рационалност и економичност. Сето ова е направено за побрз и поевтин, но и почист превоз во градските средини. Досеткава е во сопственост на Рено, односно на новоформираната дивизија на Рено наречена Мобилизе. Да бидеме попрецизни. Рено ја согледува можноста за „делење“ на возилото. Градските средини се познати по сообраќајните гужви. Тие гужви можат да се намалат, ако учествуваат помали возила кои подинамично ќе ги совладуваат уличните растојанија.

Загадувањето од издувните гасови е сосема исклучено бидејќи возилото од посебната дивизија Мобилизе е целосно електрифицирано. Многу едноставен, но ефикасен потег на Рено да подари брз, евтин и практичен превоз, но не за поединци, туку за повеќе сопственици на едно возило и секој да плаќа онолку колку ќе извози. Многумина од позадина изјавија и прашаа, што му требало ваков „луксуз“ на Рено? Првенствено сегашните автомобили, како што кажува статистиката, 90 отсто од времето се неискористени, а само со една десетина од времето тие го имаат тоа свое „јас“. Рено со „мобилизе ез – 1“ сака тие 90 отсто да ги разбие и да предизвика револуција, односно да ги направи работите поедноставни и порационални, а градскиот превоз да биде далеку поефикасен.
Прототипот „мобилизе ез – 1“ е мало возило, двосед со должина од 2,3 метри, створено од дизајнерскиот тим под водство на Патрик Лешарпи. Прототипот е направен од рециклирани материјали кои учествуваат со 50 отсто, а кога возилото ќе го „изоди“ својот живот, процентот од материјалите кои ќе можат да бидат рециклирани ќе се искачи на фантастични 95 отсто.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.