Некогаш многу позната по своите роудстери, а денес постoи само во Кина. Времињата се изменија, а марката МГ (Морисон Гараж) не најде начин да опстои и следно што се случи беше пропаѓањето. Опстојувањето на компанијата, поточно кажано возобновувањето е благодарение на кинески капитал и се разбира добрата организација. Денес МГ е во „форма“ и во моментов е зафатена со завршните подготовки за светската премиера на концептот „мг сајберстер роудстер“ направен по примерот на роудстерите од ’60 години од минатиот век со цел да се вратат некогаш славните денови на марката.
Иако најновиот концепт влече корени од минатото, конструкторите велат дека возилото е едно од најсовремените во кое е вградена најновата технологија, почнувајќи од електричните погонски единици, до дигиталната технологија влезена во секоја пора. Со едно полнење на батеријата роудстерот изминува дури 800 километри, а од 0 до 100 км/ч потребни му се 3,0 секунди.
Да не зборуваме за дигиталниот екран со инструменти осетлив на допир кој се простира од крај до крај, камерите и сензорите кои ја пратат работата на возилото, но ја пратат и ситуацијата околу возилото. Од дизајн до технологија, од поволна аердинамика до шасија која ветува врвна стабилност, сè е вклопено во новиот концепт кој ќе биде основан за развој на идните сериски автомобили. Светската премиера е веќе видена деновиве во Шангај, а резултатите од тоа како реагирала јавноста допрва ќе се сумираат. Отворениот концепт најмногу потсетува на некое возило од иднината, но да почекаме и да видиме што ќе се случи и со марката која засега најмногу „оперира“ на кинескиот пазар.
МГ е присутен и на „острвот“ каде нуди три модели: „мг зс ев“, „мг 5 ев“ и „мг хс плаг ин“. Фабриката нуди за нив седум години гаранција. Дел од дизајнерскиот тим работи и во матичната земја со 40 дизајнери.
Жарко Атанасоски