MG CYBERSTER-МГ ПОВТОРНО „ЈАВА“ ОВОЈ ПАТ СО „САЈБЕРСТЕР“

15/05/2023

Производителот на автомобили Морис Гараж беше најпознат во светот по своите отворени двоседи. Марката стоеше на свои нозе со променлива финансиска состојба. Низ годините МГ повеќе пати го смени сопственикот, за потоа производството да спадне на поразителни бројки. Тоа се случи некаде на почетокот од ’80 години од минатиот век,а потоа следеше купување на компанијата од страна на Нанџинг Аутомобил Груп во 2006. Малку подоцна (во 2007) оваа компанија ќе влезе под капата на светскиот гигант САИК Моторс. Пред две години МГ претстави концепт „сајберстер“, двосед како што прилега на марката и сега САИК Моторс, односно МГ се подготвува да претстави сериски модел.

Кога беше прикажан концептот „мг сајберстер“, одговорните ги открија следниве димензии, должина 4.535 мм, ширина 1.913 и висина 1.329 мм, а сето тоа со тежина од безмалку два тони. Велат погонот ќе биде присутен на двете оски, што значи сите тркала ќе бидат активни. За ваквата конфигурација конструкторите вградиле два електромотори,еден на предната оска и еден на задната, но не би калкулирале со силините, затоа што производителот МГ досега сѐ уште ништо не изјавил. Сепак, едно е сигурно, МГ полека се враќа на старите патеки, а дали и колку ќе има успех во сето тоа времето ќе покаже. Сега сите очи се свртени кон серискиот „мгсајберстер“ кој треба да се појави во продажба наредната година на лето. А ако се прашувате која е компанијата САИК, ќе кажеме дека таа компанија е на седмото место во светот по производство на автомобили.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.