MERCEDES VISION EQXX-НАЈНАПРЕДНИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН МЕРЦЕДЕС

23/12/2021

Мерцедес за 3 јануари најавува дигитална светска премиера на концепт моделот „вижн е ку икс икс“. Конструкторите велат ова е најнапредно електрично возило кое досега излегло од „кујната“ на трикраката ѕвезда. Со едно полнење на батериите автомобилот може да измине фантастични 1.000 километри.

Ако сето тоа се оствари, титулата за возило кое изминува најмногу километри ќе му припадне на Мецедес – Бенц. Не само што изминува најмногу километри, туку концептот е направен од најнапредни материјали и воедно најлесни. Така Мерцедес ја гледа иднината на возилата кои допрва треба да влезат во сериско производство.

Линијата на концептот е лимузинска, но со примеси на линиите од некогашните лимузини, односно внесена е нота на ретро дизајн, а секако тука голема улога имаaт и аеродинамичарите. Откако „мерцедс – бенц вижн е ку икс икс концепт“ ќе биде претставен пред светската јавност, по два – три денови патува за Лас Вегас на саемската манифестација КЕС каде ќе биде изложен.
Деталите ќе треба да ги почекаме до претпладневните часови на 3 јануари, а потоа ќе следи „коцкање“ во престолнината на рулетот и покерот, Лас Вегас.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.