MERCEDES MAYBACH EQS-ПРЕФИНЕТ ЛУКСУЗ ОД НАЈВИСОКА КАТЕГОРИЈА

15/09/2021

Мерцедес, во Минхен, го претстави електричниот „сув“ Мерцедес – Мајбах во концепт издание, но велат дека моделот само што не влегол во сериско производство. Мајбах тоа значи дека е врв во понудата, префинет луксуз од највисока категорија. За нас Македонците овој модел е од исклучителна важност затоа што дизајнот е дело на Славче Таневски, вработен во дизајнерскиот тим на Мерцедес – Бенц.

„Мерцедес мајбах е ку с“ е наменет за тие што сакаат да платат за врвен луксуз и секако уникатност затоа што при создавањето на возилото може да учествува и клиентот со бирање на дополнителната опрема, бои итн, така што секој примерок што ќе излезе од фабрика, ќе биде поинаков по многу нешта од другите примероци.

Најквалитетни материјали, дрво, алуминиум, дигитална табла со инструменти плус 12 инчен екран, а за патниците од задните седишта има уште поголем плус, мини бар со задолжителниот шампањ за вакви возила. А за да не се чувствува миризбата на алкохол, тука е малиот уред за разладување во кој има јагоди. Тие се многу полезни и скоро целосно го неутрализираат мирисот на алкохол.

Ова е прв „сув“ на електричен погон во семејството и не само сув туку воопшто прв електромобил од Мајбах. Супер луксузот „јава“ на преголеми 24 инчни тркала кои застануваат по изминати 600 километри, а потоа следи полнење на батеријата. Бидејќи ова е речиси сериски автомобил, отколку сериозен концепт, најверојатно „мерцедес мајбах е ку с“ ќе стаса до купувачите во 2023 година.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.