MERCEDES MAYBACH C CLASS-Луксузна „лаѓа“ на четири тркала

24/11/2020

Мајбах, некогашен производител на луксузни лимузини, компанија формирана од големиот конструктор Вилхелм Мајбах и неговиот син. Во 1960 година компанијата потпаѓа под Дајмлер Бенц. Требаше да поминат точно 42 години за името Мајбах повторно да биде присутно во автомобилската индустрија овој пат како засебна марка на Дајмлер Бенц. Неговите модели ја користат основата од „с класата“ почнувајќи во 2002 година. Поради спората продажба во 2013 година Мајбах престанува да биде самостојна марка и од 2015 е подмодел на „с класата“, но со луксузот и останатиот раскош далеку пред неа, рамо до рамо со „Бентли“, Ролс Ројс“ и останатите од класата. Накусо, тоа е историјата на Мајбах.

Новиот автомобил со името Мајбах се појави за првпат пред светската јавност на 19 ноември, односно името на лимузината е „мерцедес мајбах с класа“, како што нагласивме, сега како подмодел на „с класата“. Лимузината е долга 5.469 мм, односно има за 180 мм (вкупно 3396) поголемо меѓуоскино растојание од најдолгата „с класа“. За ваков автомобил ви е потребен возач, а не да го купите и вие да бидете возач. Ширината поседува 1921 мм, додека висината 1510 мм – вистински џин во споредба со „обичните лимузини“. Сето тоа е во служба на одделот за патнците за што поголем простор и нивната удобност.

Првичните извештаи не даваат информации за погонската единица, но според тоа што моделот „с 580“ носи во себе, 4,0 литарски V8 со двоен турбо полнач со хибридна технологија („најмалата“) со деветстепен автоматски менувач и погон на сите тркала, најверојатно истите елементи ќе ги поседува и „мерцедес мајбах с класа“, но каде и да е и познатата V12 погонска единица ќе влезе во комбинација за вградување.

Автомобилот нема цена како останатите во продажните салони затоа што секој примерок е приказна за себе. Заинтересираните кои ќе одлучат да купат „мајбах“, си бираат материјали, боја, дополнитлна опрема итн. Всушност, нема сериски „мајбах“, а вонсериски има, сè е препуштено на имагинацијата и желбите на купувачите, а таму нема што нема, од најприродни исконски материјали, до ултра модерни електронски детали контролирани од компјутери. Тоа што го сакате може и да го добиете, внимателно ќе ве ислушаат и ќе се советуваат со вас за секој следен чекор во производството. Таков е врвниот луксуз на четири тркала наречен „мерцедес мајбах с класа“, нешто слично како вашата дневна соба.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.