MERCEDES EQE SUV-ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АМГ

25/10/2022

Од лимузината „е ку е“, Мерцедес направи неколку модификации во насока на возило за забава и од сето тоа резултатот е „мерцедес-е ку, е ку е сув“. Веднаш да кажеме дека покрај неколкуте модели претходно, така и овој модел од Мерцедес е значаен за Македонија и Македонците затоа што дизајнот е дело на Савче Таневски. Тој е „виновен“ за претходно спомнатите измени во лимузинските облици кои подоцна преминале во „сув“ линија.

Иако лимузината има поголемо меѓуоскино растојание од сув изведбата, тоа не значи дека во „сув“ моделот има помалку простор, напротив одделот за патниците е токму онаков каков што треба да биде во возило од премиум класата.

„Мерцедес – е ку еку е сув“ располага со 4.863 должински мм, додека во ширина има 1.940 мм. Велат има место дури и за трет ред седишта, но производителот барем засега не спомна ништо за таа варијанта. Сепак Мерцедес премногу го почитува големиот простор во новото возило, така што нема намера да им скратува од удобноста на патниците зад возачот. Инструмент таблата од поодамна не постои, но затоа имаме 56 инчен екран поделен на три дела. Првиот е дигиталната табла со инструменти, средниот е повеќенаменски (за аудио, видео и останатите ситници) и најдесниот е за совозачот.

Ова е прв целосно електрифициран сув од Мерцедес кој влегол во работилницата АМГ. Штом сме таму да ја обелодениме силината со која располагаат трите изведби со ознака „амг“.  Првата е „е ку е 43 4 матик сув“ која поседува 476 КС и 858 Нм максимален вртежен момент. Може да измине 488 км, а потоа оди на полнење. Постигнува крајни 210 км/ч и забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,3 секунди. Втората „амг“ изведба носи ознака „е ку е 43 4 матик + сув“. Тука силината е драстично поголема, дури 626 коњи. Сега како подизведба се јавува „амг динамик плус“ со дури 687 КС. Забрзува до 100 км/ч за 3,5 сек. и постигнува максимална брзина од 240 км/ч. Вториве две изведби, најбрзите, со едно полнење на батеријата изминуваат по 470 км. Сите изведби имаат батерија со капацитет од 90,6 kWh. При полнење на таа батерија од само 15 минути, возилото изминува дури 220 км.

Задните седишта се соборуваат 40:20:40 и затоа можни се секакви комбинации ако носите даска за сурфање, скии или нешто слично. Товарниот оддел има зафатнина од 520 литри, а со соборување на задните седишта добивате 1.675 литри простор.

Производството ќе започне кон крајот на годинава, а продажбата започнува во првите месеци од наредната. Цена? Сѐ уште не е објавена.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.