Мерцедесовото доставно возило „ситан“ стаса до втората генерација, а за првпат ќе биде претставено пред светот на 25 август. Како и првата така и оваа генерација ќе ја користи основата од „рено кангу“, што е во согласност со договорите со алијансата Рено – Нисан – Митсубиши.
Покрај стопанското возило „ситан“, Мерцедес подготвува и патничка изведба, но од повисока класа. Не е само да се рече дека во своите редови има и патничко комби визило, туку тоа да биде изработено со стил, да е опремено и да има нота на луксуз. Овој вториов модел го нарекуваат „т – класа“ и за него засега не се знае кога ќе биде премиерно претставено.
Кога се подготвува еднопросторно возило, а таквите најмногу потсетуваат како да се дел од стопанството, тогаш бидете сигурни, производителот ќе направи повеќе изведби со цел да им излезе во пресрет на купувачите. Во сите тие изведби ќе вградуваат ото и дизел мотори, но ќе има и чисто електричен погон, а таквата изведба ќе носи име „е ситан“. Многу нешта ќе делат моделите „ситан“ и „т-класа“, а меѓу нив и погонските единици. Сè што треба да на правиме е да почекаме до 25 август и да видиме што ќе понуди Мерцедес – Бенц.
Жарко Атанасоски