MERCEDES-BENZ EQS-НАСКОРО ПРЕД СВОИТЕ ОБОЖАВАТЕЛИ

14/03/2021

Некој повторно се фали и тоа повторно со затемнета фотографија, но овој пат се надѕира страничната линија од новата лимузина. Во септември 2019 година Мерцедес го претстави концептот „вижн е ку с“, луксузна лимузина од рангот на „с класата“. Да бидат нештата „покомплицирани“ конструкторите ја подготвуваат лимузината да биде на електричен погон. Велат со едно полнење на батеријата лимузината ќе изминува 700 км, а силината од двата електромотори ќе овозможи забрзување од 0 до 100 км/ч за фантастични 4,5 секунди и крајна брзина од 200 км/ч, сосема солидни брзински особини.

Иако димензиите на концептот „вижн е ку с“, должина 5.000, ширина 1.900 и висина 1.450 мм, сепак сериската електролимузина ќе биде со помали димензии, но удобноста, пространоста и луксузот ќе бидат на ниво од „с класата“.

Ако во озборувањата има вистина, тогаш и ние ќе ја спомнеме силината со која ќе располага лимузина, само 476 коњски сили. Сериската „е ку с“ не е правена на основа од досегашните лимузини, туку е направена сосема нова наменета исклучиво за електрични автомобили.

Доколку сè оди според планот, ако може да се зборува за план во вакви времиња, тогаш производителот ќе ја претстави електролимузината „мерцедес – бенц е ку с“ во април.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.