„Е ку е“, а веднаш до неа и спортската лимузина дотерана од АМГ, но на електричен погон, потоа „ц класа ол тереин“, „сув“ седмоседот „е ку б“ и што уште нè. Како да се работи за марка која произведува типично градски автомобили, потоа семејни од тие обичните, а не од премиум класата. Толку новитети одеднаш од марка која е претставник на високата класа, е нешто невообичаено или, пак, сето ова се должи на долготрајниот молк во саемските хали поради светски познатата состојба.
Како и да било со состојбата во саемските хали, Мерцедес ќе навали со сета силина и тешко некој да го спречи во неговата намера. Едно нешто не е јасно дали концептот „е ку икс икс“ ќе биде во Минхен за првично светско претставување или, пак, одговорните го чуваат за некоја друга пригода. Производителот досега два пати го има најавувано ова возило преку затемнети фотографии од кои вториот пат сега пред две до три недели, но без најава за конкретен датум на премиерата. Ќе почекаме до септември и тогаш ќе видиме со што ќе се претстави штутгартската марка. На фотографиите е новиот „е ку е“ модел.
Жарко Атанасоски