MERCEDES-BENZ A-CLASS НОВА ШМИНКА ЗА „А И Б“

14/10/2022

И покрај наездата од електромобилите и навалата на екологистите за отфрлање на моторите со внатрешно согорување, Мерцедес во обновените компактни модели, „а класa“ и „б класа“ ќе продолжи со вградување на бензинските и дизел погонските единици. Во автомобилската индустрија владее едно непишано правило, по изминување на четири години од премиерата, моделот подлежи на дизајнерски обновувања со цел да се задржи интересот на потенцијалните купувачи, односно да се продолжи продажниот век на тој автомобил. Токму овој месец Мерцедес го стори истото со своите најмали по димензии модели.

Бидејќи кај нас луѓето повеќе бараат автомобили со дизел мотори, веднаш да напоменеме дека тој со зафатинта од 2,0 литри има три изведби, со 116, 150 и 190 КС. Бензинските започнуваат со 1,35 литарски (136 и 163 КС) и веднаш преминува на 2,0 литарски  со силина од 190 и 224 КС кои воедно се со погон на сите тркала (4 матик). Да нема забуни, сите мотори се електрифицирани. Изведбата со приклучок и 1,3 литарскиот турбо мотор има системска силина од 218 КС, односно 163 од турбо моторот и 109 од електромоторот. Само со електричен погон можете да изминете не повеќе од 80 км.

Изведбата „амг“ е неизоставна „а 35 4 матик“. Тука имаме на располагање 306 КС и забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,7 (4,8) секунди и ограничена крајна брзина на 250 км/ч. Има и полута изведба, „амг 45 4 матик +“ со силина од 421 КС, од 0 до 100 км/ќ за 3,9 сек. и крајна брзина од 270 км/ч. Обете лути изведби се со погон на сите тркала.

Дизајнерските измени не се којзнае колку големи, повеќе се одело во детали, како на пример видоизменување на маската и одбојниците. И секако, тоа е приметливо во однос на претходниот модел со цел новиот да биде попривлечен за купувачите. За цена и за испорака обратете се кај увозникот на возилата од програмата на Мерцедес – Бенц.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.