Масерати, само што ќе му се слушне името веднаш ни станува јасно какви автомобили се „кријат“ зад тоа име – спортска елеганција во купе изведба и по некоја (две) во лимузинска, но се разбира сето тоа задолжително со „затегнато“ подвозје и со многу коњски сили. Како што можеме да приметиме годинава со арно му тргна на Масерати, само што не е пуштен во продажба помалиот сув наречен „грекале“, во подготовка е редизајнираната изведба од добро познатиот „гран туризмо“ и во најскоро време го очекуваме првиот електричен модел со силина од преголеми 1.200 КС. Четири модели на списокот чекаат да влезат во продажба. Ваква бркотница и гужва во Масерати досега не е видена.
Најновото од куќата во Болоња е отворената изведба од моделот „мц 20“. Отворената изведба Масерати ја нарече „cиело“ (небо на македонски), а традиционалното име „спајдер“ го запостави. Зошто е тоа така сѐ уште не се знае, но наскоро и тоа ќе го разјасниме и ќе ве известиме.
Подвижниот покрив не е платнен и се отвора и затвора за време од 12 секунди, а потоа возиш класика од купе или, пак, класика од роудстер и сето тоа по желба. Зад седиштата од возачот и совозачот се наоѓа добро познатиот ото мотор со шест цилиндри распорeдени во V со работна зафатнина од 3,0 литри. Со двон турбо компресор моторот развива 621 КС или потребни му се само 3,0 секунди да стаса до 100 км/ч.
Крајната брзина ја надминува бројката од 320 км/ч. Тоа значи дека „масерати мц 20 cиело“ спаѓа во групата супер автомобили, а за тоа задоволство да биде ваше ќе треба да издвоите 235.000 долари и да ги уплатите на сметката од Масерати.
Жарко Атанасоски