MAGGIORE GRANTURISMO-ВО ЧЕСТ НА ПРВОТО СУПЕР КУПЕ

14/10/2022

Кога луксузот ќе земе замав не знае за доста. Сигурно ви е позната големата криза во автомобилската индустрија на почетокот од овој милениум. Тогаш речиси сите производители се жалеа на огромните загуби, но луксузните марки воопшто не беа погодени од кризата. Напротив, тие бележеа врвни продажни резултати зголемувајќи го производството за двојно повеќе во однос на периодот пред кризата. Таквите движења продолжија, така што нема луксузна марка која бележи пад во производството и продажбата. И не само тоа, туку почнаа да никнуваат нови луксузни марки кои, исто така, остваруваат забележителни заработки.

Аутомобили Маџиоре е мала работилница за производство на спортски купе автомобили основана во 2019 год. Сопственикот Џанлука Маџиоре поттикнат од првото супер купе на светот произведено од Ферари, посакал да направи некакво негово продолжение, но со додадени елементи од легендарниот дизајн на моделите „208“, „308“ и „328“. При создавање на „новостарото“ купе, Џанлука Маџиоре го повикал за совет големиот мајстор над мајсторите Никола Матераци да помогне околу моторот и конструкцијата. Инаку, Н. Матераци е познат во светот по тоа што играл главна улога при создавањето на неколку престижни автомобили, а меѓу нив се спомнуваат: „ферари 288 гто“, „ферари ф 40“, „бугати еб 110“ и други. Меѓутоа големиот мајстор Никола Матераци го напушта земскиот свет на само неколку денови пред официјалното претставување на „маџиоре гран туризмо“. Новите преправки на веќе познатиот 2,9 итарски V8  мотор придонесле истиот да биде за 30 отсто помал во однос на оригиналниот од Ферари притоа овозможувајќи подобро сместување во купето, односно го сместуваа по должина (надолжно), а не попречно како што е во моделот „308“. Измени од сѐ по малку и внесување секвенцијален двоен турбо полнач. Сето тоа придонесува за производство на 600 КС.

Дизајнот е мешавина од „288 гто“, но и од „208“, „308“ и „328“. Дизајнот на првото супер купе е во сопственост на Пининфарина, но зад тој дизајн стои името на Леонардо Фјораванти кој во тоа време работел во студиото Пининфарина. Конструкцијата и моторот се дело на Н. Матераци, дизајнот е на Л. Фјораванти. „Ферари 288 гто“ е модел подготвуван за трки, но никогаш не стасал до пистата бидејќи Ферари ги напуштил тие трки. Затоа 260 произведени примероци денес имаат вртоглава цена. Зошто купето „288 гто“ е прогласено за супер купе? Затоа што тоа е првиот сериски автомобил во светот кој постигнал брзина од 300 км/ч.

Џанлука Маџиоре ги обединил сите спомнати купе автомобили од Ферари во еден наречен „маџиоре гран туризмо“ и воедно си го остварил сопствениот сон. Инаку, купето ќе биде произведено во ограничена серија, засега се шпекулира со околу 120 примероци.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.