LOTUS ELETRE-ЛОТУС И НЕГОВАТА ПРОДАЖБА

31/08/2023

Пред околу две децении и нешто повеќе познатата компанија за производство на спортски купе автомобили Лотус беше на многу ниски гранки. Марката повеќе пати ја купуваа и продаваа, а една компанија ветуваше сѐ и сешто, дури и повеќе од пет нови модели, класично купе наследник на моделот „есприт“, потоа наследник на моделот „елан (ексиж)“, отидоа дотаму што најавија и купе лимузина со пет врати. Ништо од тоа не се случи, а Лотус остана и натаму да тоне. И тогаш во 2017 год. кинескиот автомобилски гигант Гили одлучи да го купи Лотус. Минатата година Лотус не продаде ни 600 автомобили, а годинава бројката ќе изнесува многу над 17.000 примероци. На што се должи ваквиот огромен продажен успех? Треската наречена „сув“ сѐ уште е присутна затоа што светов, односно купувачите сакаат да имаат такви возила.

Лотус го лансираше моделот „елетре“, електричен сув со погон на сите тркала, минатата година го претстави и класично спортско купе „емира“ со бензински мотор позајмен од АМГ, со цена под 100.000 долари. Да не го спомнуваме електричното купе „евија“ со 1.972 КС по цена 2,3 мил. долари кое беше произведено во само 130 единици.

Некои примероци сѐ уште не се произведени и чакaат за испорака во наредната година. Тоа значи дека Лотус со два луксузни модели ќе успее годинава да продаде скоро 18.000 единици. Тоа се нарекува успешен производител со уште поуспешен „грб“ наречен Гили.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.